• Latest

„Народот“ и изборите

September 18, 2019

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

„Народот“ и изборите

Вемерото е ефикасна партија, една милитантно-мафијашка структура што безмилосно гази и спроведува планови. Спротивно на нив, сдс-то е една полежерна структура, не многу ефикасна, ни оддалеку единствена и компактна, што ги прави, сакале тие или не, далеку подемократска дружина. Партијата на Али е слична на вемерето.

September 18, 2019 09:16
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Народот“ на избори ја има судбината во свои раце. Зад параванот за гласање, во иницијативите за менување закони, на протести… Многумина гласаат против, а кога гласаат за, лесно се разочаруваат.

На изборите во 1998 година гласаа против БЦ. Гласаа против криминалната приватизација што е изговор, покрај национализмот, на кој се вози сегашната опозиција веќе 20 години, притоа, самата спроведувајќи криминал неспоредливо поголем и од приватизацијата на БЦ.

На изборите во 2002 година, „народот“ гласаше против војната. И победи. Тогаш изборот беше меѓу БЦ или Љубчо. Гласачите плебисцитно ја одбраа антивоената и проевропската агенда. Следеше бурен поствоен период, исполнет со тешки одлуки и деликатни процеси. Без оглед на тежината на мандатот и очигледната склоност кон клептократија, тогашната влада ја стабилизира земјата и ѝ донесе кандидатски статус за членство во ЕУ. Владата за само четири години смени тројца премиери, што не даде доволно простор за вистински реформи, туку за формално спроведување на мерки и многу туркање на проблемите под тепих. Во меѓувреме, ДУИ, кое произлезе од политичкото крило на македонското УЧК, се инсталираше во системот, злоупотребувајќи го начелото на правична застапеност за свои тесно партиски и лукративни интереси, а вемерото порасна во сериозна националистичка и милитантна структура.

После беше Бучко или Грујчо, па народот изгуби, а на чело застанаа Грујо и Али. Цело време, единствена опција за коалиција, всушност, останува Али. А коалицирање со Али е некако како коалиција со вемеро. Кога ќе види човек, сите се во коалиција постојано. Со една разлика, суштински важна – инсталацијата на криминалната Фамилија не може да прави толку големи штети на евроатлантската агенда кога е во опозиција. Мое лично мислење, не мора да се согласите со мене… Но, сѐ што видовме во изминатите две децении беа две остро спротивставени концепции. Едната, строго националистичка, шовинистичка, насилничка и проруска, а другата, антинационалистичка, социјална (во обид), легалистичка (во обид) и дефинитивно проевропска.

Заедничка им е склоноста кон корупција, со таа разлика што првите тоа го креваат на ниво на систем, а вторите, макар и неуспешно, покажуваат желба да се борат против неа.

Вемерото е ефикасна партија, една милитантно-мафијашка структура што безмилосно гази и спроведува планови. Спротивно на нив, сдс-то е една полежерна структура, не многу ефикасна, ни оддалеку единствена и компактна, што ги прави, сакале тие или не, далеку подемократска дружина. Партијата на Али е слична на вемерето.

Има уште нешто што често го забораваме кога сме зад пултот за гласање.

Ветувањата пред избори и постапките на коалиционата власт после составување на влада се две различни работи. Предизборните ветувања на било која партија е невозможно да се спроведат во целост, било каде во светот, а во македонските (не)прилики ни оддалеку. Не е потребно премногу да се истражува, за да се дојде до овој заклучок, доволно е да се погледнат фактите и состојбите…

И така… За една година ќе биде Жмицко или Заев. Тоа „ж“ значи Грујо. Трето нема. Во случајот со Али… Е, тоа ќе биде „малку“ покомплицирана игра, со многу гимнастика и акробации…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ