• Latest

Нарушен е физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижје, оценуваат од ОН

September 2, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Нарушен е физичкиот интегритет на нуклеарната електрана во Запорижје, оценуваат од ОН

September 2, 2022 14:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан.

Мисијата на тимот од МААЕ извршија обиколка на нуклеарната електрана, но неколку членови на тимот ќе останат и наредните денови за детално да ја проучат состојбата во која се наоѓа најголемата нуклеарна електрана во Европа во овој момент. Главната цел е да се утврдат штетите врз енергетскиот капацитет од воените дејствија што се одвиваа периодов и да се изврши проценка на нуклеарната безбедност.

„Имаме многу работа овде за да анализираме некои технички аспекти“, изјави Гроси.

Тој додаде дека МААЕ има намера да воспостави континуирано присуство во нуклеарната електрана, но не даде повеќе детали за овој план.

Гроси додаде дека украинскиот персонал којшто управува со нуклеарните реактори во електраната работи во тешки услови, но е исклучително професионален. Сепак, Гроси напомена дека е исклучително загрижен за нуклеарната електрана поради гранатирањата на истата.

Во меѓувреме, украинскиот оператор на нуклеарната електрана „Енергоатом“ потенцира дека мисијата на МААЕ мора да посочи оти присуството на војска и оружје во самиот објект е реална опасност по нуклеарната безбедност, пишува Гардијан. Од „Енергоатом“ велат дека нуклеарната електрана треба да биде вратена под нивна контрола за да се спроведе извештајот и препораките од мисијата на МААЕ.

Инаку, украинските власти тврдат дека дури и да не работи нуклеарната електрана во Запорижја во текот на зимата, Украина има капацитет за да ја мине претстојната грејна сезона и без неа, пишува Укринформ. Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи вели дека целта на руските сили е јасна – со заземањето на двете нуклеарни електрани во јужна Украина да се изврши енергетски колапс на барем половина од територијата на Украина.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај наведува дека жестоките борби продолжуваат во јужните делови на Украина. Притоа, имало и гранатирање на градот Енергодар кој се наоѓа во близина на нуклеарната електрана во Запорижја, пишува Гардијан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ