• Latest
Добро утро со Орданоски

Нашиот комшија, Стевче

March 20, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нашиот комшија, Стевче

March 20, 2019 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]риминалот во градежната мафија во Македонија секогаш се правел според закон. Законите се така направени, што во нив има доволно дупки и инстанци за арбитрарни административни одлуки, па не е тешко градежните маркички да се тегнат и растегнуваат по висини и ширини според потреба, локациите да се измислуваат со урбана акробатика како во кинески циркуси, а условите за градба, ако треба, се пропишуваат и толкуваат „одокативно“, во зависност од расположение, од временската прогноза и од водостојот на банкарските сметки. Материјата е така законски скроена, а потоа со години и надградувана и развивана, што нема шанса упатени луѓе да направат криминал, а да е вон важечките позитивни прописи што се на сила за таа област.

Во урбанизмот и човек да утепаш е според закон!

Затоа сум крајно изненаден што некој собрал храброст, а можеби и докази, да го гони еден Стевче Јакимовски, легендата на македонскиот општествено-политички и морално-политички систем – овде дури и нема потреба за иронија, апсолутно сите знаат за кој вид на персонални квалитети се мисли! – за сомневања за некаков вид на градежно-урбан криминал. Не верувам дека нашиот, општ, комшија, Стевче, бил толку невнимателен? Мислам дека ќе му се фатат за прописите…

Додуша, некни во судот Стевче влезе здрав и победнички расположен, а излезе со здравствена дијагноза за домашен притвор, па не е јасно што се случувало во тие петнаесетина часови помеѓу она кога, рано наутро, си во статус на осомничен, до приквечер додека предистражно-истражно не добиеш статус на обвинет. Можеби навистина собрале нешто непријатно и вознемирувачко за човекот познат по тоа што „никој ништо не му може“?!

А и штом видам случај со пет-десет осомничени за вмешаност во организиран криминал, јасно е дека обвинителот се подготвува за тнр. пристап со „хорско пеење“: прво некој од обвинетите ќе се истакне со соло-настап, па еден по еден ќе му се придружат неколку бек-вокали, на крај ќе биде вистински мал црковен хор од сведоци, да слушаш и да се крстиш што го снашло првообвинетиот. Делото само се шири, оди во непредвидливи насоки, вклучува нови моменти и сведоци, па може да ти се чини дека, на почетокот да си ја признаел вината, да ти била најпаметната одлука во животот. Бидејќи, обично, има една точка после која, во кривично-правна смисла, нема враќање.

Е, сега, политичките сојузници на Стевче веднаш рипнаа со тоа дека нашиот комшија Стевче е прекрасен човек и лидер на влијателна партија, дека се работи за предизборен притисок, за правно-политички тероризам, за закани и уцени и сл., бидејќи власта, јасно е, сигурно ги губи изборите…

И тоа е така, обично, во првиот ден по приведувањето. Потоа си оставен сам на себе, на доказите, на сведоците и на адвокатите. Сите те храбрат во првите 24 часа, но процесот си тече, товарот од обвиненијата е сè потежок, делата за кои те гонат не се „преговараат“ во партиски соопштенија и низ медиумски настапи. Во судот се бараат докази во твоја корист и контра-сведоци, другото надвор е забава за народ.

Еве, на пример, го спомнува ли некој Спире Ристовски? Или Миле Јанакиески? А Гордана Јанкуловска? Ееееј, каква сила беа на времето, планина од место помрднуваа! Денеска си течат судењата и никому, освен на најблиските, не му е особено важно кој од нив како ќе заврши. Мислам дека и Грујо ќе им ги преспие пресудите, ако му се погоди гулашот дента.

Така ќе биде и со соседот Стевче, политичка атракција за еден ден. Додуша, Стевче е како мачка, има девет животи и секогаш се дочекува на нозе. Само што овој пат покривот од ламарина како да е малку ужежен, ќе треба брзо и вешто да се цупка… Не му е прв пат.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share475Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ