• Latest
Ерол Ризаов

Нашите најсакани и најомразени политичари

August 16, 2023
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нашите најсакани и најомразени политичари

August 16, 2023 13:59
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Најпопуларен политичар кај мнозинството Албанци во Македонија е премиерот на Косово Албин Курти. Кај најголемиот број Македонци претседателот на Србија Александар Вучиќ е најсаканиот лидер и пријател. Овие два волка, тоа и на двајцата им значи презимето курт и вук, ја есапат Македонија како Црвенкапа. Румен Радев, претседателот на Бугарија, кој се претставува како ловџијата кој ја присвојува Црвенкапа е најнепосакуваната личност која ја блокира Македонија да ги почне преговорите и да стане членка на ЕУ. Америка, Русија и Европа и милите ни соседи ни се омразени и сакани правопропорционално во сооднос на чувствата кон овие тројца комшиски политичари.

Меѓусебно пак најомразени политичари се лидерите на најголемите македонски партии. Едните се големи патриоти кои постојано ја спасуваат Македонија, да не скршне ни лево, ни десно и да остане таму кај што е засекогаш, а другите се предавници и непријатели кои ги распродаваат македонските национални интереси, час на Грците и Бугарите, час на Албанците, час на Америка и на ЕУ. Најжестоки се во меѓусебните обвинувања кој повеќе крадел и лажел и кој е корумпиран.

Кај албанските политички партии и лидери во Македонија меѓусебните односи се речиси исти во делот на омразата, разликата е во тоа што кај нив определбата кон НАТО и ЕУ е иста, непоколеблива. Едните се првоборци и херои за остварување на правата на Албанците, другите се за натамошна демократизација и борци за човекови права и слободи. И кај нив главните меѓусебни обвинувања се за корупција и организиран криминал.

Кукавичлукот на повеќе премиери и претседатели

И сега пресметајте колку е лесно во еден ваков амбиент на голема љубов и омраза, пренесена и кај граѓаните, кој било од овие лидери да фрли една искра и да запали едно чкорче за да ни удри крвта во глава и да пламне цела држава вчудоневидена како можеше да се дозволи на митинг во Тетово во чест на Курти да се вее картата на голема Албанија, да се косовизира Македонија, како можеше да се дозволи да нема македонско знаме, како може да не се интонира државната химна, да се пее добредојдовте во Албанија, како можеше да се дозволи во Скопје да се смени името на славната Втора македонска бригада на една улица во „Адем Демачи“.

Како можеше да се дозволи да се отворат бугарски клубови со имиња на македономрзци, како можеше да дојде половина бугарска влада во Битола на поклонение во клубот „Ванчо Михајлов“, како можеше да се дозволи да се постави неговата восочна фигура во македонските музеи во Скопје и во штипско Ново Село. Може уште милион пати да се прашуваме како можеше да се дозволи ова или она, а ниту еднаш да не се прашаме, а што требаше да направиме за однапред, да не дојде до тоа, и кој е виновен за тоа што ни се случува.

Можете ли да замислите што ќе се случува во Македонија ако на некој таков митинг како во Тетово, некоја од разузнавачките служби, која има интереси за дестабилизација на Македонија, или некој забеган домашен јунак да предизвика еден поинаков пожар со трагични последици. Дали овој митинг во Тетово со картите на голема Албанија не е практично најава за поништување на Охридскиот договор кој е најзначајниот документ потпишан од сите релевантни албански и македонски политички партии со меѓународна гаранција на ОН и е вграден во уставот кој ја гарантира целоста на Македонија и нејзиниот територијален интегритет.

Одговорот на прашањето, како може да се спречат ваквите настапи кои ја вознемируваат и деградираат Македонија и го навредуваат огромното мнозинство граѓани е во кукавичлукот на повеќе македонски влади и политички лидери, премиери и претседатели, многу поодамна. Прифаќањето на компромисите за влез во НАТО и во ЕУ уште пред 15, па и 20 години под многу поповолни услови отколку сега, ќе ги елиминираа ваквите настани и блокади кои го користат ваквиот амбиент на меѓусебни кавги во Македонија.

„Викајте не Глупава Мала Република Грузија“

Ќе наведам само еден пример од повеќето, преземен од сеќавањата на Кондолиза Рајс државен секретар, прв човек на американската надворешна политика. Таа пишува во врска со името на Македонија:

„На еден состанок со мојата колешка Дора Бакојани, со која инаку бев во многу добар однос, изгубив контрола. ‘Тоа било пред две илјади години!’ реков вознемирено. ‘Кому му е грижа?’

‘Имам чувство дека вие Американците едноставно не разбирате’, се спротивстави таа.

’Да во право си’, одговорив, ‘не разбирам’. Но таа не попушти велејќи дека промената на политиката ќе ја урне грчката влада.

Од друга страна не можев да ја разберам ни ригидноста на Македонците. Претпоставувам дека се чуствував како Грузиецот, кој му рекол на својот македонски колега: ‘Можете да нѐ викате и Глупава Мала Република Грузија доколку не примите во НАТО’.

Но и Македонците истрајаа. Така, кога Албанија и Хрватска беа примени во НАТО (2009), Македонија не беше и сѐ уште чека резулуција за ‘името’ пред нејзиното членство во најголемата воена алијанса во Европа да биде комплетирано“.

Е, така е г-ѓо Рајс. За тоа да биде комплетирано и да стане членка на НАТО по Хрватска и Албанија требаше да поминат безмалку 11 години, поточно тоа се случи во 2020 година додека во Македонија и Грција не стасаа влади кои не се инцидент на историјата.

И сега кога сме членка на НАТО веќе три години, и сме пред последната етапа од членството во ЕУ сѐ уште истите колебања и застрашувања на јавноста дека се работи за предавство на националните интереси со усвојување на уставните измени. Имаме историски инцидент во самата држава. Сѐ уште е тешко да се објасни дека во земја членка на НАТО, која е во преговори со ЕУ со изгледи во догледно време да стане и нејзина членка, не ќе може да се случуваат вакви опасни екскурзии на увоз на нестабилност.

Има голема недоверба во јавноста и поради недоследноста и на ЕУ по промена на уставното име на Република Македонија дека внатрешната стабилност ќе биде целосно обезбедена со нејзиното членство во ЕУ и со членството на нејзините соседи. Дотогаш неопходно е разбирање на значењето на припадноста кон Европската унија, за што е неминовен консензус не само на релевантните политички партии и лидери, туку и воопшто на академските, интелектуални, деловни средини и на медиумите. Македонија нема позначајна и поодговорна работа на нејзините политички лидери да постигнат заеднички цврсто обврзувачки став не само за почетокот на преговорите и уставните измени, туку и за целиот период на преговори решително спроведување на реформите во кои се содржани решенијата за сите долгогодишни меѓусебни обвинувања

Вистинско време е претседателот на САД Џо Бајден да ја активира повторно својата извршна наредба дадена двапати и во 2021 и во 2022 година со која се замрзнува имотот и им се забранува влез во САД на лица кои претставуваат закана по мирот и безбедноста на секоја држава на Западен Балкан. Санкциите се однесуваат и на оние лица кои се одговорни, или се вклучени во попречување на имплементацијата на Перспанскиот договор од 2018 и Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Во случајот со Тетово ова се однесува и на Албин Курти и на градоначалникот на Тетово Билал Касами во делот што означува закана по мирот и безбедноста на секоја држава на Западен Балкан, па и во делот на Охридскиот договор. Веењето на знамињата со мапи на голема Албанија се закана за мирот и безбедноста и на имплеметацијата на Охридскиот договор. А, кај Преспанскиот договор и барањата за негово поништување треба да се замислат во ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници и сателити.

Ах, да за преименувањето на улиците, за уривањето на спомениците м…е му е..м кој прв почна.

(Извор: Дојче веле)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    207 shares
    Share 83 Tweet 52
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ