CivilFest
Categories

ЕКОЛОГИЈА Наскоро формирање современи регионални депонии

Најавените регионални депонии кои наскоро ќе бидат формирани, воопшто не треба да личат на актуелните – со отпад на купови, пожари и лоша миризба. Напротив, треба да имаат капацитет за инсталирање опрема која би го рециклирала ѓубрето, рече денеска вицпремиерот Кочо Анѓушев.  

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на првиот проект за Зелениот климатски фонд, сите во државата се свесни за проблемот, но кога ќе се каже дека регионалната депонија треба да биде во близина на некое населено место, тогаш жителите се вознемирени.

– Владата е посветена на ова и наскоро ќе се формираат региоанлните депонии. Таа надлежност треба да премине од општините во Владата. Процесот не едноставен, затоа работиме и резултати наскоро ќе има, истакна вицепремиерот.

Според него, малите депонии не се доволно физибилни за да им се инсталира опрема која соодветно би го третирала отпадот. Затоа Владата оценила дека треба да се направат регионални, односно собирањето отпад да се централизира.

– Во Скопје има проект со сериозни тешкотии. Пред повеќе години е потпишан Договор со италијанска компанија, но до денес не е имплеметиран. Иако ингеренции во овој сегмент има комуналното претпријатие, ова е проблем и на државата која треба да најде капацитет да се справи со него и да го реши, подвлече Анѓушев. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email