Црвениот телефон на Адолф Хитлер, преку кој беа издадени наредби за смрт на милиони луѓе, е продаден на аукција за 243.000 долари!
Телефонот бил опишан од аукциската куќа како „мобилен уред за уништување“ и „основно средство користено од страна на најзлобниот човек во историјата“.
Бакелитниот ротационен телефон на „Сименс’ – првично во црна боја пред да биде обоен во црвено – бил изгравиран со „свастика“ (кукаст крст), орел и со името на Адолф Хитлер. Преку овој телефон, Хитлер издал најголем дел од своите наредби, го носел со себе насекаде, па од него не се одделил ни во последните денови од животот, пред крајот на неговиот режим.
Од аукциската куќа велат дека телефонот бил продаден во неделата, преку телефонско наддавање, а почетната цена била 100.000 долари. Тие не откриваат повеќе информации за новиот сопственик.