• Latest

Наумче Мојсовски – Перспективи 2021: АМС ќе биде носочена кон спроведување и имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики

January 13, 2021

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Наумче Мојсовски – Перспективи 2021: АМС ќе биде носочена кон спроведување и имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики

Во првиот квартал од 2021 година во соработка со општините ќе се поддржи отварање на четири Младински Центри. При што Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди дел од мебелот и копјутерска опрема.

January 13, 2021 12:37
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Eдна од клучните задачи на оваа Влада како и на Агенцијата за млади и спорт е да ги врати младите, да креира средина погодна за нивен развој и афирмација. Сите политики за млади, идеи и решенија, во насока на креирање на подобар животен стандард за младите, се носат заедно со младите, младинските организации во еден транспарентен и инклузивен процес“, вели Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, за ЦИВИЛ Медиа.

Тој истакна дека Агенцијата за млади и спорт во текот на 2021 година ќе биде носочена кон спроведување и имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики, кој е донесен на почетокот на 2020 година.

„Согласно споменатиот закон, обврзани сме да изработиме и нова Национална стратегија за млади, за што во наредниот период ќе бидеме целосно посветени кон дефинирање на стратешките приоритети на младите во соработка со младинските организации и организациите за млади.

Во првиот квартал од 2021 година во соработка со општините ќе се поддржи отварање на четири Младински Центри. При што Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди дел од мебелот и копјутерска опрема.

Исто така во соработка со општините и мисијата на ОБСЕ ќе работи на ставање во функција на Локалните младински совети, согласно новиот Закон за младинско учество и младински политики. Исто така во наредниот период АМС во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе креираат прирачник за локални младински совети со цел на општините и сите останати субјекти да им се излезе во пресрет и им се понуди патоказ како да се се креираат и функционираат локалните младински совети

Продолжуваме со активности во насока на дистрибуција, дигитализирање на Младинската картичка, како и анимирање на што повеќе правни субјекти за обезбедување на што повеќе поволности за младите во Република Северна Македонија“, вели Мојсовски.

Тој додаде дека со почетокот на 2021 година започнале со воспоставување на Регистарот за младински организации, организации за млади и чадор организации.

За поголема транспарентност и поголема инклузивност од страна на директорот на АМС ќе биде формиран Совет за млади, кој ќе функционира како советодавно тело во склоп на Агенцијата за млади и спорт. Исто така во склоп на АМС ќе се воспостави и истражувачки центар кој ќе придонесе за обезбедување на реални информации за состојбата на младите во нашата држава.

„Согласно Законот за младинско учество и младински политики секоја институција и секоја општина треба да назначи службеник за млади кој е задолжен за спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата

Институциите даваат поддршка и ги отвораат вратите за да продре младинскиот глас за младинската иднина и за иднината на Македонија.

Од страна на агенцијата за млади и спорт ќе биде поднесена и иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за измена на законот за државни награди со која ќе се предвиде и државна награда за младински работник.

Ова се приоритетите на АМС за 2021 година, но ќе продолжи да ги реализира и тековните проекти“, нагласи Мојсовски.

Тој потенцира дека во текот на 2021 година АМС е вклучена со своите проекти и во обележување на 100 годишнината од раѓањето и смртта на Блаже Коневски со проектите Млади поети и Млади Уметници.

„Од таму е најважно, младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните, оти помина времето во кое старите знаеја што е најдобро за младите. Остануваме посветени на враќање на довербата на младите во институциите, соочувањето со разните аспекти на менталното здравје на младите во вакви, посебни услови во време на пандемија и нивно активно вклучување и дијалог за сите важни прашања за нив“, истакна Мојсовски.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ