„Ќе навивам за Роналдо, не знам од кои е, ама за Роналдо, затоа и дојдовме на плоштадот ‘Македонија’, да го видиме, ама го нема“, „Ќе навивам за ‘Реал’, затоа што се најдобри во свет“, „Нема да навивам за никого, не ме интересира фудбал“, „Од мал сум љубител на ‘Манчестер Јунајтед’ и секако дека за нив ќе навивам“, се дел од одговорите на граѓанките и граѓаните на прашањето од анкетата на ЦИВИЛ Медиа, спроведена вчера и денеска на скопските улици – за кого ќе навиваат на „историскиот“ натпревар .
„Нема да го гледам Супер-купот што ќе се игра денеска во Скопје, меѓу ‘Реал’ и ‘Манчестер’, бидејќи имам малечки деца“, ни изјави една граѓанка.
Сосема поинаков став имаше анкетираниот скопјанец, кој потенцираше дека „ова е историски момент за сите нас“.
Вулнет Махмути / Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска