• Latest

Не e само Македонија, секој четврти Европеец е во финансиска криза

November 8, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Не e само Македонија, секој четврти Европеец е во финансиска криза

November 8, 2022 13:04
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Животот станува се поскап. Статистика измери инфлација од близу 20% во октомври. Главна причина за ова е кризата која владее во Европа и светот поради енергенсите, но и поради поскапиот увоз и прозиводство на продукти како последица на војната во Украина.

Синдикатот пресмета потрошувачка кошница од 43.000 денари или со вклучена инфлација над 51.000 денари. За една година поскапело речиси се. Најмногу храната и енергенсите. Лебот и житатата се продаваат по двојно повисока цена.

Над 40% зголемување е регистрирано и кај млекото, сирењето, јајцата, маслата, мастите, течните горива. Цврстите поскапеле за 38,5, топлинската енергија за 30, гасот и електричната над 20.

За да се ублажи ценовниот удар на сила е мерката ограничени маржи на основните прехранбени производи. Но, цените и натаму растат. Затоа експертите препорачаа – по примерот на соседните земји, владата да ги замрзне цените на производите. На тој начин, според нив, ќе се заузда инфлацијата, а народот ќе има сила да го истурка месецот.

Поевтина струја за прехрамбената индустрија

Владата пак не ги замрзнува цените, но за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час. Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат.

Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто. Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ.

Какви се состојбите во Европа?

Секој четврти Европеец  вели дека е во несигурна финансиска ситуација што ги принудила да се откажат од одредени потреби – како што се загревање на домот или јадење оброци.

Извештајот, објавен оваа недела од невладината организација за борба против сиромаштијата Secours Populaire во соработка со Ипсос, покажа дека 62 отсто од анкетираните Европејци веќе го ограничиле своето патување, а 47 отсто се откажале од загревање на својот дом и покрај студот.

Дваесет и девет проценти од учесниците во истражувањето исто така рекле дека прескокнале оброк кога биле гладни.

Студијата – спроведена за организацијата од страна на институтот за истражување на пазарот Ипсос – анкетираше околу 6.000 лица на возраст од 18 и повеќе години од шест земји: Германија, Франција, Грција, Италија, Полска и Обединетото Кралство.

Повеќе од еден од двајца Европејци чувствуваат дека цените растат и нивната куповна моќ се намалува.

Овој тренд предизвикува загриженост бидејќи ситуацијата може да се влоши.

54% од нив сметаат дека нивната куповна моќ е намалена во последните три години. Меѓу нив, повеќе од секој четврти вели дека куповната моќ дури и е многу намалена (26%).

 Грција во тешка состојба

Оваа ситуација е особено тешка во Грција, каде 51 отсто од испитаниците велат дека се во ваква ситуација.

Педесет и еден процент од Грците изјавиле дека се соочуваат со тешкотии, во споредба со 24 проценти од Французите и 18 проценти од Германците.

-Со зголемените цени, енергетската криза и последиците од војната во Украина, условите за живот на многу Европејци се влошија во 2022 година. Оваа ситуација е уште потешка бидејќи следуваат две години во кои животниот стандард беше обележан со шокот од здравствената криза Ковид-19, вели Secours Populaire.

Семејствата се особено погодени, при што речиси секој втор родител веќе се откажал од заминувањето на своето дете на одмор или запишувањето на воннаставна активност.

За колку поскапе храната

Една третина од испитаниците рекле дека не секогаш можат да му дадат на своето дете разновидна исхрана.

Со цел да им обезбедат добри услови за живот на своите деца, три четвртини од родителите изјавиле дека се лишуваат од слободни активности.

Поттикнати од зголемената цена на електричната енергија, потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за 10 отсто во септември – најсилното зголемување од почетокот на евиденцијата.

Во Франција, инфлацијата минатиот месец го достигна највисокото ниво од 1985 година. Особено цените на храната пораснаа за речиси 12 проценти на годишно ниво, додека цените на енергијата се зголемија за речиси 20 проценти.

Бидејќи инфлацијата продолжува да расте во Европа, 55% од Европејците сметаат дека постои значителен ризик дека ќе се најдат во нестабилна финансиска ситуација во наредните месеци. Тие имаат мала финансиска слобода, а 64% изјавиле дека не знаат за кои трошоци да направат компромиси, бидејќи веќе скратиле сè што можат.

Згора на тоа, бидејќи ситуацијата во однос на поскапувањата се чини дека не се подобрува, многу Европејци се загрижени за нивната способност да се справат во иднина.

Соња Танеска

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ