• Latest

Неда Коруновска: Расизмот кон Ромите е луксуз кој не смееме да си го дозволиме бидејќи е погубно за нашата економија и ја разорува демократската срж

February 13, 2021
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неда Коруновска: Расизмот кон Ромите е луксуз кој не смееме да си го дозволиме бидејќи е погубно за нашата економија и ја разорува демократската срж

February 13, 2021 16:03
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот  кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат,пишува Неда Коруновска во Капитал.

Јавните политики во регионот, Ромите ги третираат единствено како социјален проблем кој треба да се реши, или кој најчесто се игнорираа. Отсуствува визија и лидерство да се види потенцијалот кај Ромите, и тие да бидат препознаени како важен ресурс за регионот. Тоа, донекаде, и ја објаснува економската стагнација и слабоста на демократската срж. Барањето на излези од кризата во која сега се наоѓаме поради пандемијата, е можност, работите конечно да се сменат.

Високата цена на расизмот

Пред околу десет години, Светска банка ѝ укажа на Бугарија дека дискриминацијата на Ромите и нанесува буџетски загуби од најмалку 370 милиони евра годишно. За најсиромашната земја во Европската унија, ова е, благо речено, луксуз. Од друга страна, доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Имено, вкупните буџетски придобивки од продуктивноста се меѓу 27,9 и 101,7 милиони евра, додека даночните приходи се во опсег помеѓу 4,0 и 14,5 милиони евра (во зависност дали се користат податоци од Пописот од 2002 за ромското население, или проценките на Советот на Европа од 2012).

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, неодамна за Фајненшл тајмс изјави дека демографскиот пад е најголемата закана за целиот регион. Според Светската банка, во последните две децении од Македонија си заминале 450 илјади жители, а според некои анализи овој број е дури 600 илјади. Од друга страна, демографските трендови кај Ромите се позитивни. Ромите се најмладата и најдинамична популација и во Европа и на Балканот. Ова важи дури и за земјите од регионот кои имаат релативно помладо население, како што се Албанија и Косово. Во Северна Македонија, на пример, бројот на жители на возраст под 30 години е скоро двојно поголем кај Ромите, споредено со останатите.

Во Република Северна Македонија, бројот на образовани млади Роми е најголем во споредба со останатите земји во регионот. Државата го презеде моделот на стипендирање на Роми, од донаторски иницијативи, и иако има уште големи разлики во степенот на образование и потребни се дополнителни напори, досегашните мерки се патоказ што може да се направи. Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

Безбедносен ризик

Расизмот не предизвикува само економска загуба, тој претставува и ризик за националната безбедност. Политичката моќ на десничарските екстремисти и националистичките популисти расте врз основа на инструментализацијата на негативните предрасуди кон Ромите за освојување гласови. Со напади врз Ромите, неонацистичките партии како унгарскиот Јобик, Наша Словачка

или Северната лига во Италија ја зголемија својата база во електоратот. Ова е рецептот што екстремно десничарските групи како Левијатан, Српска чест се обидуваат да го искористат.

По терористичкиот напад на екстремната десница во германскиот град Ханау, канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле и министерот за внатрешни работи Хорст Шехофер јасно ставија до знаење дека расизмот е отров на општеството и дека екстремната десница е најголемата закана за државата, демократијата и владеењето на правото. Покрај тоа, ваквите групи и политички формации низ Европа работат синхронизирано со Русија, што им обезбедува идеолошка, финансиска и дигитална поддршка. Нив ги поврзува истата цел, а тоа е дестабилизација и ослабување на Европската унија преку ослабување на нејзините земји-членки и земјите кои се на пат кон членство. Колку е поголемо игнорирањето на расизмот против Ромите, толку се поголеми безбедносните ризици за дестабилизација и зајакнување на екстремизмот во нашите земји.

Слично, во Северна Македонија, за жал, се поголем е бројот на екстремно националистички групи. И покрај промовирањето на мулти-етничкиот карактер на државата со уставните измени од 2001 година, во реалноста албанските лидери не се залагаа за малцински права туку претежно инсистираа само на сопствените права. Тоа создаде револт кај дел од Македонците, а разочараност и чувство на измаменост кај помалите етнички заедници. Ако на ова се додаде договорот со Грција и актуелниот спор со Бугарија, кои оспоруваат дел од македонскиот идентитет, не ме изненадува фактот што се поголем број на Македонци сметаат дека сме „загрозени“ во сопствената држава. Тоа е истата група на Македонци на која не и е по ќеиф дека веќе не е прифатливо нивните сограѓани да ги викаат „шиптари“ и „цигани“. Тие сметаат дека Македонија ќе биде подобро место за живеење ако е моно-етничка држава, иако никогаш во својата историја не била таква, и тоа што сме денес е резултат на културното богатство на сите народи кои живеат во неа.

Можноста за Северна Македонија

Често пријателите ме прашуваат до кога планирам да работам на прашањата кои ги засегаат Ромите, алудирајќи дека сепак е тоа споредна работа, и треба да се занимавам со поважни прашања. За жал, се уште не е општо прифатено дека прашањата кои ги засегаат Ромите, всушност не’ засегаат и нас. Ковид-19 пандемијата тоа најпластично го прикажа, бидејќи состојбата во една населба, не може да се изолира од друга. Преку состојбата на Ромите, како најмаргинализирана заедница во Македонија, можеме директно да видиме како системот (не) функционира, каде се пропустите, кои прашања се запоставени. Работејќи на нив, единствено може да изградиме „праведно општество за сите“. Меѓутоа, поради постојните предрасуди, ова ретко кој го согледува.

Во Северна Македонија, дополнително има „институционален замор“ од афирмативни мерки за малцинства. Уште еднаш, Ромите може да бидат губитници, бидејќи тие се единствена заедница кај која правичната застапеност е многу лимитирана. Народниот правобранител, кој е задолжен за следење на оваа темелна вредност, со години наназад укажува на ова. Отсуството на Роми од администрацијата, не е само прашање на правична застапеност, туку прашање на квалитетно одлучување. Во услови кога Ромската заедница е изолирана во своите маала, тешко е да се воочат нивните проблеми, или да се разбере како одредени одлуки ќе влијаат врз нив. Позитивно е што и Претседателот Пендаровски и Премиерот Заев во своите кабинети назначија млади Роми за свои советници, кои делумно можат да ја надоместат „празнината“ додека државата треба го приоретизира вработувањето на младите образовани Роми особено во клучни сектори: здравство, домување, полиција.    Несовршеноста на Европската унија и демократијата во Европа, Република Северна Македонија ја осети директно неколку пати до сега, од азилот на Груевски во Унгарија, блокадата на Франција минатата година, до последно, ветото од Бугарија. Една од проблемите кои Европската унија ќе треба да ги реши во иднина се нееднаквоста, и јакнење на социјалната кохезија, особено со малцинствата. Мулти-етничкиот концепт на општество во Северна Македонија е богатство и Македонија има шанса да покаже како соживотот може да го надмине национализмот, и да биде пример, не само за Западен Балкан туку и за Европската унија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ