• Latest

Неформални забави на отворено пред кафулиња и на плоштади во Грција со „земи и носи“ пијалаци, и покрај забраните

May 6, 2020

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Неформални забави на отворено пред кафулиња и на плоштади во Грција со „земи и носи“ пијалаци, и покрај забраните

May 6, 2020 17:18
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во неколку грчки градови и во неколку атински населби, во изминатите два дена, односно по укинувањето на забраната за движење на граѓаните, регистрирани се случаи на неформални забави на отворено, на плоштади и пред кафулиња кои служат кафе за носење, но и алкохолни пијалаци, иако тоа не е дозволено, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во грчките медиуми, бројот на насобрани бил значително поголем од дозволениот (забранети се собири од над десет лица), а не постоело ни потребното растојание.

Првите вакви случај беа во понеделникот, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас вчера попладне за време на редовната прес конференција во Министерството за здравство, без да именува, рече дека „сликата со кафе барови во 23 часот во различни градови,  со музика пуштена најгласно, за наводно да земат пијалаци, а клиентите – граѓаните  да стојат збиени, десетици внатре и надвор, без да ги држат потребните растојанија и мерки на претпазливост, брутално нѐ навредува сите нас“.

-Упатувам силна препорака до оние кои си играат со јавното здравје и појаснувам дека „земи и носи“ (take away)  се однесува на кафето и го наметнува она што го пишува во дозволата за работа. Односно, да нарачаат, да го земат и да си заминат, а не да остануваат внатре или пред кафулето. Ваквите пијалаци од кафулињата или кафе баровите не се дозволени. Исто како што не е дозволено овие објекти да пуштаат гласна музика. Неформалните забави и собирања пред кафе-баровите, под изговор дека има take away пијалоци, едноставно се забранети, рече Хардаљас и потсети дека постојат казни за прекршувачите, како за граѓаните, така и за сопствениците.

Само неколку часа по препораките, но и предупредувањата од надлежниот министер, истата слика беше и во неколку атински населби, како и во неколку грчки градови.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчкото радио „Алфа989“ рече дека ваквите случаи треба да се спречат.

Членот на експертската комисија при Министерството за здравство на Грција, професорот Гикас Мајоркинис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека таквиот вид забави на отворено кога се над десет лица и не се почитуваат правилата на лична заштита се „жариште на големо пренесување на вирусот“.

Доцна синоќа, се случија инциденти во населба во северниот дел на Атина, откако полицијата била нападната со шишиња и камења при обидот да предупреди група од околу 400 млади лица кои биле на централниот плоштад, дека се забранети собири.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ