„Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот во државата, а воедно и Општина Неготино, одлучивме годинава дел од средствата кои беа предвидени за украсување на општината по повод новогодишните празници, да ги донираме за Ковид одделението во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Неготино.
Имено, Општина Неготино годинава ќе направи скромно украсување на градот со материјалите кои ги имаме набавено од претходните години, со што ќе придонесеме барем малку позитивно да
се чувствуваат нашите граѓани во текот на Новогодишните празници“, вели Тони Делков, градоначалник на Општина Неготино, на прашањето на ЦИВИЛ – Дали оваа година ќе ја украсите вашата општина за новогодишните празници? Ако не ја украсувате, каде и за што ќе ги пренамените средствата кои ви се предвидени за таа намена?
Биљана Јордановска