• Latest

Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена

January 15, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
РЕАКЦИИ МИЈАЛКОВ

РЕАКЦИИ: Платно на очите за правдата, сметка за народот

June 20, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ирански хакери повторно се активираа во Албанија, хакирана страницата општина Тирана; Бериша најави масовни протести; Косовските граѓани сакаат политички консензус

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Фамозните“ 2 недели кои толку често ги поставува Трамп како ултиматум, не даваат резултати

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена

January 15, 2025 09:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште не се знае дали претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути ќе биде разрешена или самата ќе даде оставка од функцијата по петочната изгласана интерпелација против неа поднесена од пратеничката група на Левица. Преостанува за нејзината судбина да одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата откако вчера претседателот на Собранието Африм Гаши преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски во изјава за МИА вчера нагласи дека Комисијата не е надлежна самата да презема чекори и оти чека следни чекори од пратеничките групи. Од пратеничката група на Левица вчера изјавија дека ќе чекаат неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и доколку не поднесе самата оставка од фуникцијата, тие до Комисијата за избори и именувања ќе поднесат предлог за нејзино разрешување. Од „Европскиот фронт“ вчера за МИА истакнаа дека Даути ужива целосна политичка поддршка.

Гаши вчера информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути. Како што наведе Гаши, прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.

– Како претседател на Собранието, мојата главна одговорност е да го почитувам и спроведувам Деловникот и процедурите на Собранието. Во овој контекст, интерпелацијата до претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, г-ѓа Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци. Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците, вели Гаши.

Нагласува дека до него досега не е пристигнато официјално известување за оставка од ниту еден претседател на Комисија.

– Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено. Секое друго толкување освен ова е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам, вели Гаши.

Сајкоски вчера во изјава за МИА вели дека  Комисијата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути и дека нема добиено никакво известување досега.

СООПШТЕНИЕ - „Сакаме македонско национално единство на граѓаните на Македонија за да  донесеме голема победа која ќе значи да можеме да водиме влада која ќе може да испорача она што ќе го вет

– Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со 61 пратеник, претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот г-ѓа Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи, вели Сајкоски.

Според Сајкоски, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка.

Пратеничката група на Левица  ќе чека неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и да види дали таа ќе поднесе оставка од функцијата, а доколку тоа не се случи, до Комисијата за праша на изборите и именувањата ќе поднесат предлог за нејзино разрешување.

– Ние мислиме дека е коректно на Даути да ѝ се даде неколку денови, со оглед на тоа дека „Европскиот фронт“ најави дека до четврток ќе излезе со соопштение што ќе прават дали ќе ја заменат или слично. Коректно е да ѝ се даде неколку денови таа доблесно да си даде оставка, затоа што нема никаква логика да продолжи да работи како претседателка на Комисијата, кога апсолутното мнозинство во Парламентот со 61 пратеник изгласале наводи коишто ја теретат дека работи неделовнички, незаконски и неуставно, изјави за МИА пратеникот Борислав Крмов од „Левица“.

За да ја предложи „Европскиот фронт“ повторно, Крмов нагласи дека потребно е таа да биде разрешена. Според него, поделени се мислењата во „Европскиот фронт“ во врска со Даути.

– За да биде повторно предложена треба да биде разрешена. Ќе видиме што ќе направат, одредени политичари даваат одредени изјави, ако ја видите изјавата на лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека таа 100 проценти ќе остане и дека има полна поддршка, за после Илире Даути да излезе со две малку нејасни изјави кои инклинираат кон оставка, што е контрадикторно. Очигледно има поделени мислења во политичката група на „Европскиот фронт“, со оглед на тоа дека се повеќе политички субјекти. Нека одлучат тие што ќе прават, а според тоа, ние ќе се поставиме, рече Крмов.

Шведска е наш докажан пријател, која ги поддржува нашите аспирации за членство во Европската Унија, истакна претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми, во обраќањ

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која е дел од „Европскиот фронт“, Арбр Адеми вчера во изјава за МИА вели дека Даути ужива целосна поддршка од пратеничката група на Европскиот фронт, како и целосна политичка поддршка.

– Пратеничката Илире Даути ужива целосна поддршка од пратеничката група на „Европскиот фронт“, исто така има и целосна политичка поддршка. Она што се случи во Собранието на пленарната седница е идеополитичка диференцијација, со употреба на мајоризација, метод кој припаѓа на минатото, вели Адеми во изјавата за МИА.

На прашањето дали се очекува „Европскиот фронт“ да одржи состанок на кој ќе одлучи во врска со тоа дали Даути ќе остане, ќе се повлече или, пак, можеби повторно ќе биде предложена од страна на „Европскиот фронт“ за претседателка на Комисијата, Адеми не прецизираше.

– За поддршката на Илире Даути воопшто не треба да се одржи состанок, тоа е ноторно дека ужива целосна политичка поддршка, рече Адеми.

Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДМНЕ вечерва на состаноци зад затворена врата во партиското седиште ја утврдува листата на кандидати за пратеници на претстојните парламентраниизбори н

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера оценија дека Илире Даути нема кредибилитет да претседава со собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако беше изгласана недоверба по расправата за интерпелација покрената од пратеничката група на Левица.

-Не е важно кој покренал интерпелација и која била темата или причината, важно е дали е прекршен Деловникот за работа на Собранието или не е, рече на прес-конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Од опозициската СДСМ завчера го повикаа Гаши да ги каже следните чекори по интерпелацијата на Даути, додека од Движењето ЗНАМ, кое е дел од владината коалиција, побараа од „Европскиот фронт“ да предложи нов претседател на Комисијата бидејќи претседателското место во оваа Комисија му припаѓа на „Европскиот фронт“.

Интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, поднесена од пратеничката група на Левица, беше изгласана во петокот со 61 глас „за“ обезбедни преку пратениците на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Албанскиот блок беше против интерпелацијата, додека пак, пратеницте на СДСМ, иако нивен е законот за бранители, излегоа од салата. Потоа, Кабинетот на претседателот на Собранието излезе со соопштение во кое наведе дека интерпелацијата нема правно-обврзувачки последици.

Извор: МИА

Фото: МИА Архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ