• Latest
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025 18:07
in ВЕСТИ, ПРАВДА
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Палевски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, Боре Видевски како извршител, додека Влатко Кешишев како стражар на двата кривично-правни настани, откако претходно во завршниот збор од таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше прашан „зошто е убиена неговата ќерка“. – Ќе ја испочитувам желбата на оштетениот и обвинетот Александар Ѓорчевски, рече Палевски во неговото, како што рече, последно јавно говорење во врска со убиството на неговото дете и ќе даде одговор на прашањето кој и зошто ја убил малолетната Вања.

– Манев денеска во судот срцепарателно, покајнички објаснуваше дека јас сум тој што ги манипулирал, ги изневерил, дека бил под уцена дека после убиството на Панче сум кажал дека ќе го убијам него и неговото семејство. Но, никој не го праша зошто го сликал Панче на 13.11.2023 година во неговиот автомобил? Со ниту една реченица Јосифовска не нѐ извести дека Манев го сликал Панче како стои до својот „цитроен“, околу 10 часот. Ја има во вештачените телефони. Зошто обвинет на кого му се заканува доживотен затвор не се сеќава каде му е пиштолот, рече Палевски.

Според него, планот на ОЈО бил како да наместат две убиства, кои веќе биле докажани, но како што рече, потребно било друг да биде сторител, а судот да осуди човек кој нема врска со тоа.

– Се барав себеси и не најдов ниеден траг дека сум бил присутен во возило на две места на грабнување и на две места на убивање. ОЈО не презентира докази, а медиумите го лажат народот по наредба на ОЈО и на Гаврил Бубевски. ОЈО функционира така што прима и послушно исполнува политички наредби. ОЈО цели пет месеци изведуваше докази, два месеца слушавме сведоци, но немаше сведочење како се извршени злосторствата, со ниеден сведок кој видел или слушнал било што. Морав да утврдам сѐ, како тоа за мене нема докази, а јас сум убиец, рече Палевски.

Обвинетиот Боре Видевски кусо изјави дека нема да дава завршен збор, бидејќи, како што рече, нема што да додаде повеќе од она што го кажал неговиот бранител Бојан Манев. На минатото рочиште, неговиот бранител побара ослободителна пресуда посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично-правни настани е целосно погрешен, а сите признанија се изнудени.

Обвинетиот Влатко Кешишев, пак, во своето обраќање пред Судот рече дека се кае и оти има грижа на совест за тоа што бил заедно со останатите обвинети, за кои, рече, разговарале, испланирале и завршиле сами сè, додека нему му било кажано да молчи и да не се меша.

Обвинетиот Велибор Манев во неговиот завршен збор го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани. – Ова е последната коцка од сложувалката, рече Манев, нагласувајќи дека ранецот е кај член на Десна, којшто беше уапсен денеска по исказот на Манев каде го посочи со име и презиме.

– Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери, рече Манев.

Тој го повтори својот исказ даден претходно пред Судот во врска со двата кривично-правни настана нагласувајќи дека одлучил уште од самиот почеток на судењето да ја зборува вистината „без разлика колкава казна би добил“.

– Од сите презентирани докази не негирав, туку и на нејасни снимки потврдував и признавав присутност. Не порекнував ништо што сторив и направив, не дообјаснував работи сѐ со цел судот да добие јасна слика за настаните што се случија. Се надевам дека Судот ќе ја цени мојата искреност за разлика од ОЈО кое упорно работи да нѐ прикаже како планери на убиството. Јасно кажав дека немам поим, ниту сознанија дека Палевски планира да убива. Зар би копал три метри дупка и би ја маскирал и покривал со таваници како влезна врата кога би знаел дека грабнатото лице треба да се убие? Не, туку би ископал обичен гроб, рече Манев.

Нагласи дека ОЈО настојува дека бил остварен контакт со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и дека, наводно, од него знаеле за времето кога излегува Вања, иако никој од обвинетите не го познавал Александар, ниту пак, тој нив. За него, рече, првпат слушнал во полициска станица.

– Немаат доказ дека таткото контактирал со Палевски. Јас лично не го познавам, а и тој самиот кажа дека не ме познава. Како дадов изјава дека се слушале, веќе ви кажав, со ќотек. Се прашувам каков интерес би имал да го бранам Сашо со мојот исказ, а за него првпат слушнав во полициска станица. Некој овде лаже, рече Манев.

Нагласи дека по извршените убиства од страна на Палевски сфатил дека тој имал двоен план и затоа, како што рече, ги зачувал снимките од неговиот ресивер.

– Откако ги изврши убиствата, ми стана јасно, но многу доцна сфатив дека имал двоен план, па затоа ги зачував снимките од мојот ресивер. Можев да ги избришам снимките и можев да ги исклучам камерите. Но, со тоа ќе му дадев алиби на Палевски, а според неговото кажување, виновници за убиството ќе бевме јас и Боре. Но, ние не направивме убиство, а јас лично немав ни мисла ни намера за убиство, рече Манев.

Адвокатот Јовица Страшески, застапник на првообвинетиот Палевски, од Судот денеска побара ослободителна пресуда и посочи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично-правни настана. Ослободителна пресуда бара одбраната и на останатите обвинети.

Според Страшески, Обвинителството не прикажало ниту еден конкретен доказ со кој би се докажала вината на Палевски, како и дека според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал. Тој истакна дека не постои никаква трага, слика, ниту пак, некаков материјален доказ дека Палевски ги извршил кривичните дела. Страшески презентираше слики и видео снимки од дворот на обвинетиот Велибор Манев кои досега не биле прикажани пред Судот, како принтскрин од службена белешка на полициски службеник виш инспектор во СВР Велес, кој по наредба ги прегледувал видео снимките од хотелот „Романтик“ во близина на Велес, во која е наведен помал број на лица забележани во возилата Рено кангу и Цитроен, од бројот којшто го тврди Обвинителството.

Ниту полицијата, ниту Обвинителството, додаде Страшески, не ги докажале причините зошто е грабната малолетната Вања.

На изминатото рочиште од одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда, откако Обвинителството побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Tags: Палевскисудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ