• Latest

Нека размислат сите пратеници зошто се случи интерпелација во сто дена нова власт

September 4, 2024

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025

МВР: Приведени двајца за кривично дело „поткуп при избори и гласање“, пријави за агитирање при гласање на повеќе места

October 19, 2025
Фото: Инстаграм

Руската пропаганда со дипфејк се обидува да ја поткопа мобилизацијата во Украина: Стефанчук не го исклучува греењето за тие што „избегнуваат регрутација“

October 19, 2025

Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите

October 19, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Јавно обвинителство: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

October 19, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности на ЦИВИЛ

October 19, 2025
Креирано со помош на ВИ

Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

October 19, 2025

ДИК: Нема информации за евентуални проблеми или непријатности, излезност 9,38 отсто

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нека размислат сите пратеници зошто се случи интерпелација во сто дена нова власт

September 4, 2024 13:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа  вчера го постави прашање на својата Фејзбук страница – Што мислите за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши?, давајќи можност на граѓаните да се изјаснат за она што цел месец беше актуелна тема.

Иако директно на постот на ЦивилМедиа немаше коментари, сепак пораките кои пристигнаа, па и коментарите на другите објави на темата укажуваат дека граѓаните се поделени во своите мислења. Некои ја поддржуват сметајќи дека со ова се покажува дека никој не е над законот, а за други интерпелацијата беше фијаско.

Одлуката на Фатмир Битиќи против интерпелацијата, како пратеник од СДСМ, под образложение дека шовинистичка и ксенофобична наиде на најмногу критики

„Ете покрај Заев и Филипче сега и ти отиде во аут, а единствен во СДСМ кој вредеше нешто“, „Тешко разочарување. Тука не е битна националноста, туку сите злоупотреби на Гаши“, Постапките на Гаши се незаконски и тука и тука нема врска со неговата етничка припадност, туку со злоупотреба да службена положба и овластување“, беа дел од коментарите.

Еден од читателите дури и во вид на предупредување, повеќе до СДСМ, отколку до Битиќи напиша: „Да те нема од партијата. Ако не си одиш, многу од нас нема повеќе да гласаат за СДСМ.

Сепак, еден читател даде подолго образложение што всушност треба СДСМ да направи.

„СДСМ треба да ја сфати суштината на идната политика за развој на државата. Треба да расчисти во своите редови и со своите партнери: Што е злоупотреба на јавна функција, а што е етнички проблем. Тука е суштината на иднината на државата!? Секоја злоупотреба на Албанско раководител од позиција или опозиција “ТИЕ” го третираат за етничка нетрпеливост!? Разбудете се и вратете се меѓу народот ако сакате да опстоите! Зошто Албанските партии имаат заеднички став ако станува за злоупотреба на Албански раководител, а Вие Македонските партии различен став?! Зошто го земате врелиот костен? Вие кога знаете дека ништо нема да смените! Неизживеаноста на Албански неспособни кадри ја подржуваат и Албанските квалитетни кадри! Зошто не сфатите дека тука смрди многу и ја преиспитате вашата политика. Посветете се на идните Македонски граѓани во државата! Барајте го мнозинството!??“, вели читателот.

На овој коментар добива реплика: ВМРО е таа која всушност дојде на власт на антиалбанска платформа со седумгодишна хистерија против Албанците. Незаконско поминување граница нема врска со етникум.

Не полесно помина и Гаши

Иако за интерпелацијата и Гаши се изјасни дека не само што не е политички издржана туку е против  верската и етничката припадност на претседателот на Собранието, стратешката цел на државата (поставувањето на знамињата на НАТО и ЕУ во пленарната седница), повеќето од коментарите сугерираат дека се работи за кршење на закони и Уставот.

„Сфатете- еден ден мора сите да бидеме исти пред законот, а не да има заштитени мечки!“, Ти прави грешки, па правдај се со верска припадност, твојата вера на никој не му смета, туку твоето аздисување и ароганција“, „Твојата верска определба практицирај ја во џамија. Собранието е за државни работи, а не за верски перформанси, знаеш или се правиш “наудрен”“, беа дел од коментарите.

Еден читател оцени дека целата фама околу интерпелацијата покажува дека: „Не разбраа ни едните ни другите што е секуларна држава“.

„Како да разберат кога не сакаат да разберат. Секогаш кога не е по нивно и не се во право веднаш обвинуваат за шовинизам, дека некому пречи да ја практицираат нивната религија! Па за религиозните ритуали имаат џамии на секое ќоше! Не може да го претворат Собранието во верски објект и како кому ќе му затреба да си прави прослави на нивната вера“, реплицираше за секуларноста друг читател.

Од коментарите може да се заклучи дека постои поддршка  и оправдување на барањето за интерпелација за собранискиот спикер, повикувајќи се на закон и Устав и сметајќи дека таа нема врска со верата или етничката припадност на Гаши.

Но, како коментар за размислување останува и прашањето од еден читател: „нека се подразмислат сите пратеници зошто и како се случи интерпелација само стотина дена од новата власт, која се однесува како уште да е во опозиција“.

Б. Ј.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Африм ГашиинтерпелацијаПрашање на денотСобраниеФејсбук коментари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ