• Latest

Нелегалното оружје е закана за мирот и стабилноста, повлекување на дел од руските трупи од украинската граница, САД сè уште претпазливи, ДКСК мета на несновани напади од ВМРО-ДПМНЕ

February 16, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нелегалното оружје е закана за мирот и стабилноста, повлекување на дел од руските трупи од украинската граница, САД сè уште претпазливи, ДКСК мета на несновани напади од ВМРО-ДПМНЕ

February 16, 2022 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нелегалното оружје и муниција претставуваат закана за безбедноста и сигурноста на граѓанките и граѓаните на било која земја. Како такво, нелегалното ширење на оружјето е закана за мирот, просперитетот и стабилноста на државите, беше истакнато на настанот на ЦИВИЛ во рамките на серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал“. Модератори на настанот беа Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Според Парламентарниот форум за МЛО, „неконтролираното МЛО е крупен дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал“. Општо прифатен е фактот дека нелегалното оружје игра важна улога во организираниот криминал.

„Сѐ е поврзано. Нелегалната трговија со огнено оружје како гранка на подземните бизниси е секогаш „некаде таму“. Огненото оружје е таму за да ги „заштити производите“ на криминалните дејствија – луѓе, органи, дрога и сѐ што подразбира криминална активност. Оружјето е тука за да ги заштити сите фази на подземното производство или обработка, транзитот и испораката“, вели Дерала.

Во процесот на интеграција на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан во Европска Унија најчесто како пречка се наведува политичката нестабилност и фрагилноста на демократските институции. Но, подеднакво голема пречка за интеграциските процеси претставува и нелегалната трговија со дроги, оружје и луѓе, што е континуирана закана за безбедноста, не само на земјите од Западен Балкан, туку и за Европска Унија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Меѓу другото, Цивил во 2012 ја донесе  Меѓународната спогодба за трговија со легалното оружје, ратификувана е истата година во парламентот, и сме на трето место во светот како организација која успеала да обезбеди пропорционално највисок број на парламентарци кои ја поддржале таа спогодба. Целата операција не чинеше 250 денари и бевме пионери , меѓу првите во европа, но не сум сигурен колку институциите ажурно ја спроведуваат, кажа Дерала на Утрински Брифинг.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АПЕЛ По повод обвинувањата изнесени во јавноста од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за неработење и непостапување на Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната комисија испрати соопштение со кое ги демантира овие обвинувања.

МЕДИУМИ Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје спроведуваат кампања за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите. Проектот „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ има за цел  да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава.

ОДЛУКА Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за отпочнување процес за реализација на меѓународна инвестиција, која е првиот чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност, сигурност и безбедност и фокус на алтернативни извори на гас. Владата, преку АД Електрани на Северна Македонија отпочна процес на за резервација на капацитети за природен течен гас во ЛНГ Терминалот Александропулос, Република Грција што ќе овозможи зголемување на сигурноста во снабдување со природен гас за граѓаните.

КОНФЛИКТ По завршувањето на воените вежби и денеска продолжи руското повлекување на силите што беа стационирани во близина на украинската граница, соопшти руското Министерство за одбрана, што Киев и западните престолнини сметаат дека е тешко да се прими за сериозно, јави ДПА.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Горан Михајловски – новинар, уредник, главен уредник, сопственик на медиуми, автор на култната децениска „Сакам да кажам“.

Тој зборува за новинарството вчера и денес, интернетот како конкуренција или предност, редакциите и уредниците, медиумите и одговорноста, политиката и општеството.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Вистински да сакаа да војуваат САД и Русија најлесно ќе им беше тоа да го сторат во Беринговиот теснец каде растојанието меѓу нив е само четири километри. Затоа е полесно да се испроба оружјето на туѓа територија или онаму каде што народот најлесно би паднал на искушение за војување.

Во конкретниот случај САД се со десетпати поголем воен буџет од Русија. Но опсегот на одредени боеви ракети од Русија лесно би стигнал до одредени цели во САД. НАТО и Русија во низа воени ресурси се доближуваат со бројките иако голем дел од опремата на НАТО е далеку посовремена, но бројот на активен и резервен воен состав во Русија е поголем. Исто така системот на команда и одлучување во Русија е полесен за разлика од начинот на одлучување помеѓу членките во НАТО сојузот. Сепак за секое воено постапување постојат и низа економски санкции од кои подебелиот крај го извлекува секогаш народот, а губитничката воена и политичка команда може да заврши како воен злосторник. Но во случај Украина наспроти Русија е борба на Давид против Голијат“, пишува Стевче Дечев во колумната „Дијалог наспроти војна, дајте му шанса на мирот зашто може да се лизне на кора од банана!“.

Д. М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ