Оваа година муслиманскиот празник Курбан Бајрам се паѓа во недела, 11 август, што според МТСП е неработен ден за сите припадници на исламската заедница.
Прашањето е зошто државата не го направи понеделник (12 август) неработен ден за сите муслимани, затоа што и така недела е неработен ден за сите граѓан(к)и?
Како пример може да се наведе тоа дека Велигден секогаш се паѓа во недела, а понеделник е неработен ден.
Зошто и сега за Курбан Бајрам – понеделник да не биде неработен ден за муслиманите?
Но, иако понеделник е работен ден, сепак, голем дел од муслиманите сами ќе си го направат неработен, бидејќи не се втора категорија на граѓан(к)и на Република Северна Македонија!
Дехран Муратов