• Latest

Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

April 13, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

April 13, 2022 14:29
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук пласира дезинформација дека со купување на воена опрема Македонија се подготвува за војна, а на самиот пост во прашална форма пишува: „се спремаме и ние?“.

Станува збор за манипулација во самиот наслов на текстот прикажан во рамките на постот којшто во моментот на нашата рецензија има над 300 коментари и 21 споделување:

Македонија се спрема за војна? – Ќе купуваме возила и артирелиски системи.

Вистина е дека армијата ќе се поднови со возила и артирелиски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема.

На 36 -та седница (05.04.2022), на предлог на Министерството за одбрана, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата и го донесе годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили, Со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, стои во веста поврзана со купувањето на воена опрема, а објавена на официјалната интернет страница на Владата на Р.С. Македонија.

Во  врска со ова „Вистиномер“ се обрати до Владата од каде ни одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година,  кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за развој на одбранбените способности.

Јавно достапна и повеќепати е повторена информацијата дека во Буџетот за одбраната за 2022 година над 30 отсто од средствата се предвидени за модернизација на Армијата. За овие 8 проекти за набавки, преку склучување на договори Влада со Влада, за оваа година се предвидени 48 милиони евра. Опцијата за склучување на договори Влада со Влада обезбедува највисока транспарентност и елиминирање на простор за корупција при склучувањето на договорите, ни одговорија од Владата.

Од сето ова можеме да заклучиме дека станува збор за наслов кој е делумно неточен. Вистина е дека армијата ќе набави воена опрема, но не е точно, како што пишува во насловот, дека Македонија се подготвува за војна, ставајќи го во контекст купувањето на воени возила и артирелиски системи.

Очигледно преку насловот од веста постирана на Фејбук, која е доста вирална, читана и коментирана , се сака да се рашири страв и паника кај населението, кое и онака е растревожено со оглед на случувањата во Украина, дека Македонија се подготвува за војна. / ВИСТИНОМЕР

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ