• Latest

Нема нови случаи на заболени од морбили, „Македонија лек“ се извинува за грешката

January 8, 2019
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нема нови случаи на заболени од морбили, „Македонија лек“ се извинува за грешката

January 8, 2019 12:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, ја информира јавноста дека по информациите кои се појавиле за можно присуство на вакцини со истечен рок, извршиле внатрешна контрола за да ги проверат наводите.

„По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, нашата компанија „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола за да ги провери овие наводи. Контролата покажа дека сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои нашата компанија ги дистрибуира, се со важечки рок и сигурни за користење. На вакциналните пунктови има дистрибуирано вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019. При контролата, откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања се веднаш повлечени како не би правеле понатамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок“, соопштија од компанијата.

Оттаму додаваат дека оваа вакцина ја увезуваат од 2016 година и истата во континуитет, посочуваат, непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет.

Министерството за здравство, вчера, информираше дека вонредниот инспекциски надзор кој во изминатите два дена го изврши комисијата формирана по барање на министерот за здравство, Венко Филипче, покажа дека сите МРП вакцини со кои се имунизираат децата против мали сипаници се со важечки рок и целосно безбедни.

Објаснуваат дека контрола била извршена во повеќе вакцинални пунктови, при што детално биле проверувани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот.

„Утврдено беше дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата ‘Македонија лек’ бил направен технички пропуст. Имено, компанијата ‘Македонија лек’, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата ‘Македонија лек’“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Од таму апелираат до родителите и граѓаните да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата.

Во меѓувреме нема информации за нови случаи на лица заболени од морбили. До вчера заклучно со 13:00 часот вакцинирани се вкупно 1.102 деца. Ресорното министерство воедно соопшти дека вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, од денеска (08. јануари) ќе работат во две семени, од 07:30 до 19:00 часот.

И денеска, во градинките во Скопје, не се примаат децата кои не се вакцинирани, а родителите жестоко реагираат на социјалните мрежи. Тие за денеска во 17 часот најавија протест пред Министерството за здравство.

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

„Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата. Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра“, велат од МТСП.

М. И.

 

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ