Германската полиција во градот Карлсруе на југозападот на земјата соопшти дека според досегашните податоци, во синоќешната заложничка драма во аптека во Карлсруе, нема повредени.
Како што пренесува МИА, портпаролот на полицијата од тактички причини одбил да открие колку заложници се земени и колку полицајци се на терен, .
„Штутгартер цајтунг“ објави дека две лица се земени како заложници и дека бараниот откуп е во износ од едноцифрена милионска сума во евра.
Портпаролот на полицијата одби да го коментира тој извештај.
Полицијата на Твитер соопшти дека ги зголемила силите и им препорача на луѓето да ја избегнуваат областа во близина на улицата „Етлингер“, каде што се наоѓа аптеката, како и дека нема опасност за пошироката јавност.
Исто така, пријавено е и дека полицијата воспоставила контакт со лице осомничено за држење заложници, јави Дојче веле.