• Latest

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home PR & PUBLIC AFFAIRS

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026 12:30
in PR & PUBLIC AFFAIRS, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПР содржина

Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми?

За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата.

На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Таа кризна состојба во два наврати беше продолжувана, сè до април 2023 година. Причината беа сериозните нарушувања на пазарот на електрична енергија и драматичниот раст на цените на струјата во втората половина од 2021 година.

Во услови на енергетска криза, кога државите во Европа се соочуваа со недостиг на енергенси и борба за обезбедување електрична енергија, Владата одлучи повторно да ја стави во функција ТЕЦ „Неготино“, која со години се чуваше како „ладна резерва“.

Одлуката, според официјалните податоци, имала и економска логика. Регулаторната комисија за енергетика во својот Годишен извештај за работа во 2022 година констатира дека пуштањето во работа на ТЕЦ „Неготино“ било економски оправдано, бидејќи цената на произведената електрична енергија од мазут во најголемиот дел од 2022 година била пониска од берзанските цени на електричната енергија.

За да работи ТЕЦ „Неготино“, на АД Електрани на Северна Македонија му бил потребен мазут.

Тука започнува делот од приказната кој подоцна стана предмет на истрага.

АД ЕСМ немало обврска да спроведе формална постапка согласно Законот за јавни набавки, односно да објави оглас или да испрати покана за прибирање понуди. Компанијата можела директно да стапи во деловен однос со лиценциран добавувач, при почитување на принципите на добро управување, транспарентност, еднаков третман и рационално управување со јавните ресурси, порани кризната состојба прогласена од Владата.

Сепак, ЕСМ одлучило да испрати покана до сите релевантни економски оператори кои поседуваат лиценца за трговија со нафтени деривати. Со тоа била овозможена конкуренција меѓу потенцијалните снабдувачи и можност сите да достават понуди под исти услови.

Во текот на истрагата биле сослушани претставници на повеќе економски оператори. Според информациите објавени во медиумите кои имале увид во текот на постапката, дел од операторите не одговориле на повикот, меѓу другото и поради динамиката на испорака која во услови на енергетска криза претставувала сериозен предизвик.

На повикот се јавила компанијата РКМ, која под исти услови како и останатите потенцијални добавувачи понудила мазут и подоцна била избрана како најповолен понудувач. Постoела и друга понуда, но таа била оценета како неприфатлива поради количините што биле наведени.

Во текот на истрагата, според објавените информации за исказите на сослушаните лица и подготвеното вештачење, не било утврдено дека постоело фаворизирање на конкретен економски оператор преку условите на повикот.

Уште поважно, според истите наоди, не било утврдено дека РКМ ја прекршила договорената динамика на испорака на мазут.

Напротив, според исказите на претставници на АД ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“, испораката се одвивала според договореното и во текот на целиот период немало прекин на производството на електрична енергија поради недостиг на мазут.

Имало прекини во производството, но тие, според исказите, биле од техничка природа, а не поради недостиг на мазут.

Во јавноста беа објавени и делови од исказите на претставниците на ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“, според кои снабдувањето и динамиката на испорака со РКМ се одвивале подобро отколку со претходните добавувачи.

Дополнително, според извршеното вештачење, не било утврдено калкулирање со испораката во однос на дневно утврдените цени на мазутот.

Токму овие наоди се дел од причините поради кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја запре истрагата.

Што покажа истрагата?

Осомничените во случајот беа поврзувани со сомнежи за перење пари, загадување на животната средина и употреба на наводно токсичен мазут.

Но, според одлуката на ОЈО ГОКК, од прибраните докази не се утврдило дека осомничените ги сториле кривичните дела што им биле ставени на товар. Дополнително, не било утврдено ниту постоење на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Токму недостатокот на докази беше наведен како причина за запирање на постапката.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески ја поддржа одлуката на надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ. На брифинг со медиумите тој оцени дека од професионален аспект е подобро истрагата да биде запрена навреме, доколку нема доволно докази, отколку да се форсира обвинение кое подоцна би резултирало со ослободителна пресуда.

Савески истакна и дека е изненаден од реакциите на јавноста, имајќи предвид дека јавноста нема увид во целокупниот доказен материјал со кој располага обвинителството.

Мазутот и прашањето за загадувањето

Еден од најголемите стравови во јавноста беше дали мазутот што се користел во ТЕЦ „Неготино“ бил штетен и дали предизвикувал загадување на воздухот.

Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива кој ги пропишува граничните вредности за различни параметри кај горивата, меѓу кои и мазутот.

Кај мазутот се контролираат содржината на сулфур, вода, пепел, седименти, точка на палење, калориска моќност, вискозитет на 100 степени и карбон.

Контролата на увезените нафтени деривати се врши преку надлежните државни институции, меѓу кои Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. Во конкретниот случај, според информациите презентирани во постапката, не било утврдено надминување на пропишаните гранични вредности.

Тоа е особено важно во контекст на тврдењата дека бил увезен „токсичен“ мазут.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ „Неготино“, во периодот кој беше предмет на истрагата редовно се следел квалитетот на воздухот. И покрај информациите што циркулираа во јавноста за „труење“ и „загадување“, според тие извештаи не било регистрирано загадување кое потекнувало од ТЕЦ „Неготино“.

Со други зборови, тврдењето дека мазутот бил со хемиски состав над дозволените граници не било потврдено преку официјалните контроли.

Токму затоа прашањето за загадувањето останува еден од клучните делови на случајот: од една страна имаше сериозни јавни обвинувања, а од друга страна официјалните податоци и наоди на истрагата не потврдија загадување од ТЕЦ „Неготино“.

Мазутот како енергенс во Европа

Дополнителен аспект е фактот што мазутот не е енергенс кој се користи исклучиво во земји со пониски еколошки стандарди.

Напротив, различни форми на течни горива и тешки масла се користат и во развиени европски држави како Финска, Шведска, Германија, Данска и Франција, особено како резервни капацитети за стабилизација на електроенергетските системи.

Во Франција постојат стратешки термоцентрали на течно гориво кои може да се користат во услови на зголемена потрошувачка и енергетски шокови. Грција користи нафтени деривати за производство на електрична енергија на дел од островите кои не се поврзани со централната мрежа. Естонија има долгогодишно искуство со користење на нафтени шкрилци и тешки масла во енергетиката.

Норвешка, иако огромен дел од електричната енергија го произведува од хидроцентрали, исто така располага со резервни нафтени капацитети.

Ова не значи дека секоја употреба на мазут е автоматски еколошки прифатлива. Но, значи дека самиот факт што се користи мазут не е доказ дека од него нужно произлегува загадување. Клучни се квалитетот на горивото, почитувањето на пропишаните стандарди, технологијата на согорување и контролата на емисиите.

Во случајот со ТЕЦ „Неготино“, според достапните наоди, не било утврдено надминување на граничните вредности на мазутот ниту загадување на воздухот кое би било предизвикано од работата на централата.

Каде е финансиската штета?

Другата голема дилема во случајот е економската.

АД Електрани на Северна Македонија во текот на постапката не пријавиле финансиска штета.

Овој факт во повеќе наврати го истакна и професорот Гордан Калајџиев, кој јавно го постави прашањето дали воопшто постои основ ЕСМ да се жали на одлуката за запирање на постапката, доколку самото претпријатие не пријавило штета.

Во меѓувреме, бројките од периодот на енергетската криза покажуваат дека активирањето на ТЕЦ „Неготино“ имало значаен економски ефект.

Според официјалните извештаи на ЕСМ за периодот од 2021 до 2023 година, ТЕЦ „Неготино“ била реактивирана по повеќегодишна пауза и во 2022 година остварила историски рекорден профит од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра.

Резултатот се должел на зголеменото производство на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

Според официјалните извештаи на ЕСМ, ТЕЦ „Неготино“ во 2022 и 2023 година остварила вкупен профит од околу 30 милиони евра, според податоците наведени во досегашните анализи на случајот.

Од друга страна, анализите на професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии, земајќи ги предвид цените на берзите на електричната енергија во периодот опфатен со истрагата, покажуваат дека доколку ТЕЦ „Неготино“ не работела и потребната електрична енергија требало да се увезе, трошокот би изнесувал околу 880 милиони евра.

Наспроти тоа, набавката на мазутот била проценета на околу 167 милиони евра.

Тоа е разлика од околу 713 милиони евра меѓу проценетиот трошок за увоз на електрична енергија и трошокот за набавка на мазутот, според бројките наведени во анализите.

Прашањето е дали овие средства можеле да бидат заштедени токму благодарение на активирањето на домашниот производствен капацитет.

Дополнително, не станувало збор само за цената на електричната енергија.

Енергетската криза во тој период беше и криза на достапност на енергенси. Недостигаше гас, мазут, дизел, бензин и електрична енергија, а државите се натпреваруваа за обезбедување доволни количини.

Затоа останува и прашањето дали Македонија воопшто би можела да обезбеди 880 милиони евра вредна електрична енергија преку увоз во услови кога голем број европски пазари се соочуваа со недостиг.

ТЕЦ „Неготино“ како ладна резерва

ТЕЦ „Неготино“ и во периодите кога не произведува електрична енергија има трошоци за државата.

Како ладна резерва, според податоците наведени во досегашните анализи, централата ја чини државата околу 5 милиони евра годишно за плати, тековни трошоци, одржување и останати расходи.

Во периодот на енергетската криза, сепак, централата беше активирана и наместо само да претставува трошок, оствари значителен профит.

Токму затоа економскиот аспект на случајот не може да се разгледува само преку набавната цена на мазутот, туку мора да се земат предвид и цените на електричната енергија, достапноста на струјата на пазарите и ефектот од домашното производство во време на криза.

Прашањето за осомничените

Покрај финансискиот и еколошкиот аспект, случајот отвори и правно прашање.

Осомничените биле под истрага, дел од нив биле во притвор, а компаниите биле под определени мерки и ограничувања во функционирањето.

Професорот Гордан Калајџиев во повеќе јавни настапи го постави прашањето кој ќе одговара доколку луѓе биле држени под мерки и притвор, а на крајот истрагата била запрена поради недостиг на докази.

Дилемата е особено чувствителна кога станува збор за угледот на компаниите и лицата кои биле опфатени со истрагата.

Што останува по истрагата?

На крајот, случајот „Мазут“ останува со повеќе отворени прашања, но и со низа факти кои не можат да се занемарат.

Во текот на истрагата не било утврдено дека постоело кривично дело од страна на осомничените. Не било утврдено ниту друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Не било утврдено дека мазутот ги надминувал пропишаните гранични вредности.

Не било утврдено загадување на воздухот од ТЕЦ „Неготино“ во периодот што бил предмет на истрагата.

Според исказите и вештачењата, немало прекин на производството поради недостиг на мазут.

Не било утврдено калкулирање со дневните цени на мазутот.

АД ЕСМ не пријавило финансиска штета.

Од друга страна, ТЕЦ „Неготино“ во периодот на енергетската криза произведувала електрична енергија по цена која, според Регулаторната комисија за енергетика, во најголемиот дел од 2022 година била пониска од берзанските цени.

Државната централа во 2022 година остварила рекордна добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра, а според официјалните извештаи на ЕСМ за 2022 и 2023 година, во тие две години остварила околу 30 милиони евра профит според податоците наведени во анализите на случајот.

Истовремено, анализите покажуваат дека алтернативата — увоз на електрична енергија во периодот на кризата — би чинела околу 880 милиони евра, наспроти околу 167 милиони евра за набавка на мазут.

Затоа случајот „Мазут“ не е само прашање за тоа кој го набавил мазутот и по која цена. Тој е прашање и за тоа како државата се справувала со една од најсериозните енергетски кризи, дали рестартирањето на ТЕЦ „Неготино“ било економски оправдано, дали мазутот ги исполнувал законските и еколошките стандарди, дали постоела штета за ЕСМ и државата и, конечно, дали во истрагата биле обезбедени доволно докази за кривичните дела што им се ставале на товар на осомничените.

Конечниот збор за случајот ќе го има Вишото јавно обвинителство, но досегашните факти отвораат едно суштинско прашање: ако нема утврдена штета, нема утврдено загадување, нема докажано прекршување на динамиката на испорака и нема доволно докази за кривичните дела што биле предмет на истрагата — тогаш на што точно треба да се темели понатамошното водење на случајот „Мазут“?

 


PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ