• Latest
Војо Маневски

Неопределените како олимпијци

August 23, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Неопределените како олимпијци

August 23, 2021 09:45
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Заврши олимпијадата во Токио. Она што ни остана како сеќавање е трибините пополнети со имитација на публика и учесници кои беа постојано со маски на лицата. Сличноста со изминатите олимпијади беше во стартот на натпреварите и во нивната крајна цел. Тој дел од стартот до целта беше олимпискиот спортски натпревар.

Зошто ваков спортски вовед направив, а сакам да пишувам за почетокот на кампањата кај нас за претстојните локални избори. Зошто сличноста со олимпиското начело „да се учествува“ ги оправдува поразите на надежите на граѓаните после изборите. Целта е со закон определена, но стартот е според сфаќањето на партиските штабови. Додуша, тие се постојано во изборна грозница и посебен старт не им е потребен, кампањата трае и според разните анализи ќе има два дела. Првиот ќе биде прибирањето на своето членство во партиските рамки (амбари). Тоа му доаѓа како подготовка за старт кај спринтерските дисциплини. Кој изгуби стабилност и трпение пред трката, добива картон, а некогаш и дисквалификација. Затоа лидерите и кандидатите сѐ повеќе повикуваат на партиско единство во борбата со противникот. Многу често, приоритетите се поставуваат во следниот распоред „сега оставете ги разликите меѓу нас, важно е да го победиме противникот, после ќе се расправаме и ќе видиме кој е во право“. Тоа досега се завршуваше со примирје меѓу разните заинтересирани страни сѐ до поделбата на пленот по изборите. Сѐ додека ги држи можноста да се добие нешто од практикување на власта има привиден мир. Штом таквата можност ќе заврши, имаме отворена војна. Сите сакаат медали на целта. Нека се големи како паричка од еден денар, ама нека се медали за заслуга.

Во тој првиот дел од кампањата партиите ќе си ги соберат горе доле своите членови и ќе си го одредат стартниот број за трката за неопределените, а без нив нема победа на изборите.

Тоа е така веќе 30 години, а посебно после разните семинари и обуки што „братските“ европски партии им ги пружија на нашите клиентелистички организации кои се повикуваат на името политички партии. Методите кои таму ги научија, претежно подмладоците на партиите се скоро исти. Учесниците на партиските трки ќе се сетат на директивите за доведување во партија по десет или дваесет нови членови или гаранција за одреден број на гласови, што секој активист треба да ги приложи во партиските штабови. Посетите на партиските кандидати од врата до врата веќе станаа неизбежен декор на изборите. Додуша малку короната го поремети тој ритам, но во нејзино време сѐ е изменето.

Кои се тие наши сограѓани кои можат да се стават во поимот НЕОПРЕДЕЛЕНИ?

За истражувачите на феноменот оваа е навистина широка тема, ама со тоа нека се занимаваат експертите од долгата листа доктори по општествени науки. За партиите, неопределени се сѐ додека не се определат за нив. Според анкетите, таквите граѓани сѐ над половината гласачи. Идеолошката привлечност на партиските програми овде нема да одигра голема улога, зошто таквата езотерија е одамна фрагментирана. Дури и имињата на партиите се веќе тесни за содржината што се напикала во нив. Дали некој верува во левичарската определба на СДСМ и што всушност е лево денес? ВМРО-ДПМНЕ има вградена спротивност во името. Треба да го споиш историското „револуционерно“ и современото „демократска партија“. ДУИ се интегративци, а за најголемиот број граѓани, Македонци по род, тие се повеќе дезинтегративци, отколку соединители. Многу да не ни дојде единство и интеграција кога две големи партии тој збор го имаат во името. За принципиелноста на имињата на помалите партии тешко дека може да се најде логика, посебно кога влегуваат во коалиции кои се спротивни и на нивното име и на нивната програма. Левицата е феномен на определбата од лево кон десно и обратно, барем судејќи според искажаните ставови.

Што има во тој дел од граѓанството, кој така лесно го нарекуваме неопределени. Од поранешни членови на партии, кои некаде испаднале од возот на партијата, од граѓани кои имале очекувања за подобар живот, а со своите гласови само помогнале да се изроди нова партиска номенклатура, граѓани кои сметаат дека изборите никогаш и ништо не решаваат и други разни сегменти од општеството кои можат да се подведат под името разочарани во државата и заедницата во која живеат.

Како таквите граѓани да се доведат во позиција да бидат гласачи? Според изјавата на еден наш веќе долгогодишен „хоризонтален“ политичар, опозицијата има право да претерува во критиките, а позицијата има право да претерува во фалењето со своите резултати. Тоа било вообичаено партиско поведение во изборите. Изводливоста на предложените проекти на кандидатите нема да донесе многу гласови од „неопределените“. Во најавени проекти веќе премногу време веруваа, а тие не се реализираа.

Решението е во атмосферата во пробудената надеж дека нешто сепак може да се смени на подобро. Не случајно се вели дека надежта кај човекот последна умира. Кој треба да ја поттикне таа надеж, да им го оставиме тоа на партиските штабови, иако изборот им е стеснет меѓу лидерот на партијата и кандидатот за градоначалник. Ако успеат да најдат симбиоза меѓу нив во понудата за време на кампањата, имаат големи шанси да ги добијат изборите.

А ние, почитувани сограѓани, ќе бидеме окупирани со разни вести и информации сѐ до почетокот на ноември. Ќе нѐ информираат за новостите во вестите во три, пет и во осум. Како што вели еден наш драматург – ме оставаат без спиење, зашто станувам во три по полноќ да слушнам што е тоа толку важно, а на програмата нема вести. Редакцијата всушност известувала дека вестите се во 15 часот. Изгледа стратегијата е да нѐ држат будни и на штрек сѐ до датумот на избори кога смутени од пропагандата ќе гласаме за било кого, само да се заврши опсадата од политичката пропаганда.

Е можеби паметниот наш драматург ја откри тајната за определувањето на „неопределените“. Напад врз сите сетила за разумна одлука и како последна одбрана ќе гласаат само да се спасат од притисокот. Како стратегија преземена од годинашната олимпијада без публика вреди да се испита, ако длабоките партиски структури веќе и не ја пробале врз граѓаните. Врти-сучи, сѐ околу нас изгледа како некаков заговор, ама важно е да се постапи спрема олимпиското начело – „важно е да се учествува“. Граѓаните учествуваат, а политичарите се китат со медали и победуваат. Изгледа сѐ во животот е олимпијада.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ