Непријателите на правдата и правната држава не бираат средства за постигнување на нивната цел. Порталите кои до вчера служеа и се бореа за опстанок на режимот на Никола Груевски и неговите соработници, сега се борат против правдата која може да ги гони режимските актери. Во таа борба тие не бираат ни зборови ни средства, а користат и лажни вести и експлицитен говор на омраза.
Со насловот „Катица Јанева во кома! Неизвесно е дали ќе се извлече и со какви последици“, групацијата собрана околу портали како „Република“, излегува со псевдоними и нерелевантни писанија што немаат врска со насловот. Така, „Република“ го презема овој наслов и дел од текстот објавен под псевдонимот Дедо Ѓорѓија во порталот Брегалнички.
Во крајно малициозниот текст со наслов во кој може лесно може да се препознае и манипулација, порталиве, се прави аматерски обид да се искриви реалноста со манипулативни ставови за состојбата на која се наоѓа сега СЈО, во недостиг на договор за продолжување на мандатот.
Арбен Зеќири












