• Latest

Независната културна сцена бара одговори од надлежните за интервенциите во Скопската чаршија

April 15, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Независната културна сцена бара одговори од надлежните за интервенциите во Скопската чаршија

April 15, 2020 18:58
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на независна културна сцена (ЈАДРО) попладнево испрати реакција во врска со санирањето на Старата скопска чаршија кое деновиве го изведува Општина Чаир. Потсетува дека Чаршијата е едно од највредните културни наследства во градот, дека пред секое нејзино модифицирање, реставрирање и санирање мора да има научна и стручна анализа, како и дека за кој било зафат јавноста треба навреме и транспарентно да биде информирана од страна на институциите.

Блиско е, како што наведува ЈАДРО, минатото во кое властите дивееја на нетранспарентен и недемократски начин. Не сакаме и нема да дозволиме тоа да продолжи и сега.

Асоцијацијата нагласува дека културата на третман на културното наследство треба да се гради на основа на дијалог, а не на основа на доминација на политичките или експертските идеи околу тоа како треба да изгледа наследството.

– Затоа прашуваме, зошто за време на активности од овој тип не се спроведуваат потранспарентни кампањи на информирање на јавноста? Кои се членовите на Нациналниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија и дали може да се објави нивното стручно мислење/изјава по повод реставрацијата? Дали Програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија (која постои за периодот 2010-2015 година, а се однесува за период од пет години) е донесена согласно постоечкиот Закон за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење (Член 11) и доколку е донесена, во кој обем е реализирана, кој е задолжен да ја следи нејзината примена и дали се јавно објавени извештаи и анализи за самиот процес?, наведува ЈАДРО.

Независната културна сцена ги прашува надлежните и дали може да добие стручно мислење од раководителката на секторот за заштита од НУ Конзерваторски центар – Скопје и од директорот на Управата за заштита на културното наследство кои се најстручни во оваа област.

– Дали се спроведени заштитни археолошки истражувања, согласно Член 7 од законот? Дали може да се објават истражувањата за проектот кој има добиено дозвола за конзервација на Конзерваторски центар – Скопје и аргументацијата за позитивно мислење од страна на НУ Конзерватовски центар – Скопје? Која е улогата на Град Скопје во овој процес? Штом е одлучено овие активности да се одвиваат за време кога сите граѓани се спречени да излезат од своите домови дали може да очекуваме потранспарентно известување за овој и сите слични проекти коишто се случуваат во моментот, а за кои не треба да бидеме задоцнето информирани?, дополнува ЈАДРО.

Според ЈАДРО, во Службен весник на РСМ од октомври 2008 година Старата скопска чаршија е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија – големо значење. Со ваквото прогласување, потенцира, се овозможи трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции.

– Меѓу основните принципи на тековните европски теории на конзервација се: почит кон оригиналната изработка, почит кон историскиот материјал и почит кон историскиот извор – дали овие принципи се применети при изборот на материјалот и начинот на изведба? Дали, сепак, Чаршијата заслужува и може да добие посоодветен материјал од тој што го имаше до сега?, прашува Асоцијацијата.

ЈАДРО посочува и дека во Старата скопска чаршија последната декада се забележуваат огромни промени и несоодветни интервенции – рушење индивидуални куќи и изградба на станбени згради на нивно место (особено на потегот околу хотелот Арка), несоодветно дизајнирани и/или димензионирани интерполации и некомпатибилни нови градби, рушење на старите дуќани и нивна замена со бетонски копии, несоодветна модернизација на историските структури, воведување на меморијални споменици и спомен-обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија, различни доградби, надградби и измени на оригиналните структури,…

– Старата скопска чаршија полека го губи својот оригинален изглед поради интензивните градежни активности во рамки на заштитеното подрачје со што се врши тривијализација на законските норми и професионалните стандарди и директно уништување на културното наследство. Какви се улогите на Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура во врска со тоа и дали имаат или планираат да преземат нешто за спречување на ваквите активности? Знаејќи дека менувањето на изгледот на Старата чаршија не е процес почнат од вчера, потсетуваме дека долги години наназад систематски дел по дел тој бил цел на дубиозни градежни лиценци и реконструкции. Мини плоштадот на влезот на чаршијата, Менада и летните тераси кои го попречуваат нормалното движење низ улиците се само дел од унаказувањето на историскиот и во ист момент толку жив светилник на Скопје, за што се испушти навреме да се реагира, пишува ЈАДРО во реакцијата.

извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ