• Latest

Ние се бориме за Трамп!

January 27, 2025
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ние се бориме за Трамп!

Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние - ние се бориме за Трамп.

January 27, 2025 11:17
in ОПШТЕСТВО, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Едно“ со ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

1Силни протести против режимот на Вучиќ, деновиве демонстрираат студентите од Србија. Поддршка добиваат и од сите граѓани. На блокадите од сите страни им се приклучувааат, професорите, наставниците, земјоделците, интелектуалците и сите слободоумни граѓани на Србија. Во регионот и пошироко се одржаа собири за поддршка. Се протестираше во Атина, Осло, Базел, Братислава, Нирнберг, Лондон, Базел, Торонто, Прага, Будимпешта и Малта. Во Скопје не се дава поддршка.

2Во Хрватска граѓаните самоиницијативно преку социјалните мрежи организираа бојкот на продавниците, кафулињата, бензиските пумпи и рестораните, поради високите цени и намалениот животен стандард. Граѓаните го канализираа револтот и кренаа глас. Иста иницијатива се спроведува и во Босна и Херцеговина. Граѓаните од регионот се борат за достоинствен живот. А ние?

ВО ЕДНО: Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние – ние се бориме за Трамп! Нам во Македонија сè ни е арно. Демократијата ни тече во млазеви, не можеме да ја скротиме. Економскиот стандард ни е мед и млеко. Радувајте се! Во Македонија имаме новогодишна кошничка, па ќе имаме велигденска. Што ви е, какви граѓански иницијативи? Срамота е тоа. Здравство, образование… беспрекорно?! За што да се бориме ние кога тука ни е жива лепота?! Студентите не им даваат поддршка на своите колеги од Србија. Политичарите (и власт и опозиција) бегаат од темата протести во Србија како ѓавол од темјан. Немој случајно да се замерат со Вучиќ. И што има ние сега да се секираме што се случува околу нас? Силната политичка и новинарска „елита“ во Македонија се испотепа да застане позади хегемонот Трамп и фашистот Маск. Сега му е мајката, велат, да удриме по ЕУ и либералната демократрија и да се профилираме накај суверенистите. Така тие милуваат да ги нарекуваат ултранесничарските неофашисти низ Европа и светот – суверенисти. Велат да го зграпчиме моментот, да искористиме шанса и да се лоцираме на страната од победниците. Кои победници бе, бедници ниедни?!


Текстот е личен став на Авторот. Сите содржини од рубриката „Во Едно“, може да се преземаат со линк до текстот на Фронтлајн.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ