Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална Транспортна Поврзаност” што се одржува во Истанбул.
На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата.
Двајцата соговорници се согласиле да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во јули, пренесе МИА.