Активистката за човекови права Мери Николова за ЦИВИЛ Медиа изјави дека полицијата ѝподнела три пријави за протестот што таа го организираше во септември 2015-та, пред Собранието на Република Македонија, со вкупна вредност од 1.710 евра. Таа е пријавена за нарушување на јавен ред и мир, за немање соодветен број на припадници на редарска служба, обележани со лента на рацете, и за наводно навредување на службено лице.
„Мене ме казнија за протестот пред Собрание во кој немаше никакви инциденти. Напротив, полицијата беше таа што нé туркаше. Вчера, на протестите имаше и нарушување на јавен ред и мир, националистички скандирања и најстрашно е тоа што беа претепани двајца новинари! За тоа никој не добил ниту парична казна, ниту некој ќе одговара. Ова мора да престане и да се казнат сите поттикнувачи и сторители на овие дела“, изјави Николова за ЦИВИЛ Медиа. Таа е загрижена за актуелната ситуација во државата и бара од сите политичари јавно да излезат и да ги осудат сите напади и нереди.