• Latest

Николовска: Интенциите на ДКСК се набљудување на финансиските приливи на сметките на партиите за време на избори

November 8, 2019
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Николовска: Интенциите на ДКСК се набљудување на финансиските приливи на сметките на партиите за време на избори

Ние и минатите избори имавме одлична соработка со ЦИВИЛ...

November 8, 2019 18:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со новиот закон за спречување на корупција и судир на интереси се предвидува Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси да има надлежност во следење на законитоста на финансирањето на изборните кампањи, меѓутоа паралелено се предвидува можност за обврска за да се следи и финансирањето,  работењето на самите политички партии“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Катица Николовска, членка на ДКСК, одговарајќи на прашањето.

Николовска потенцираше дека во моментот работат на измени во Изборниот законик со што ќе се овозможи законски обврски на политичките партии што ќе помогнат во делот на спроведување на ингеренциите на ДКСК во самиот изборен процес. Како што објасни Николовска, на тој начин ДКСК ќе овозможи на ист начин, како и 17 институции, и политичките партии да бидат должни да обезбедат пристап до трансакциските сметки што ги отвораат наменски за изборите.

„Во тој контекст ќе ги проверуваме дали донациите, финансиските средства се во рамки на дозволените лимити според Изборниот законик“, истакна Николовска.

Корупцијата, како што вели Николовска, секогаш може да се појави и тешко е таа да се спречи во целост, но интенциите се да се следат сите приливи на политичките партии и да се анализираат кои физички лица ги донираат, дали имаат капацитет да уплатат толку средства…, но за секојдневно следење на овој процес потребни се ресурси со оглед дека една партија дневно може да има многу уплати и да се остави простор за манипулации и коруптивни елементи. За жал, во моментот, ДСКСК тие можности ги нема.

„За овие избори имаме најава на проект со ИФЕС за обезбедување поддршка за да развиеме софтвер и да се обучат потребен број на лица, меѓутоа, дали ќе успееме, бидејќи времето е многу кратко. Ова ни беше план предвиден во среднорочната стратегија, но предвремените парламентарни избори се најавија многу порано од што се надевавме. Ние ќе се обидеме да се зајакнеме, колку што можеме да излеземе во пресрет на овие предизвици. Сепак, времето е многу кратко“, изјави Николовска.

Николовска, на прашањето како ЦИВИЛ може да помогне во изборното набљудување, со оглед на искуството што го има во изборните процеси, Николовска истакна за предноста што ја дава досегашната одлична соработка на ДКСК со организацијата.

„Ние и минатите избори имавме одлична соработка со ЦИВИЛ, добивавме информации и ќе се обидеме во овој период да ги зајакнеме алатките што на минатите претседателски избори беа на располагање не само на невладините организации, туку и на граѓанките и граѓаните, регистарот на службени, моторни, возила на сите институции. Тие дојави беа навистина корисни, отворивме и предмети по тие случаи, меѓутоа ќе ги зајакнеме овие алатки со цел да бидат по видливи и пореални… Исто така, беше достапна и електронската пријава за злоупотреба на буџетските средства. Јас се надевам дека со ЦИВИЛ и другите граѓански организации ќе оствариме повторно средба пред започнување на изборите и конкретно ќе се договориме и насоки ќе дадеме за слабите страни на изборните процеси што треба активно да се покријат. На пример, превозот на луѓе од една општина во друга и слично. Тука ни треба малку повеќе помош и асистенција од ЦИВИЛ, поради големиот број на набљудувачи што се насекаде…“, потенцираше Николовска.

Биљана Јордановска

Камера и фотографија: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ