• Latest

Николовска: Измените во Изборниот законик не можат целосно да ја спречат корупција во политичките изборни кампањи

December 23, 2020
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Николовска: Измените во Изборниот законик не можат целосно да ја спречат корупција во политичките изборни кампањи

December 23, 2020 15:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Катица Николовска, член на ДКСК, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, зборуваше за новитетот што Комисијата го воведе со директен мониторинг на предвремените парламентарни избори на 15 јули, недоразбирањата и неусогласеноста во измените на Изборниот законик во делот на финансирањето, соработката со Љупчо Николовски, заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, како и за идните проекти што допрва ДКСК ќе ги реализира.

„Секои новитети во практикувањето на задачите е добредојдено, оваа година се обидовме да воспоставиме директен мониторинг на дел од учесниците во изборните кампањи. Идејата беше доста добра и согласно ситуацијата со ковид-19, имавме вработени кои беа позитивни, ни се ограничи мобилноста, не бевме во можност да бидеме на терен колку што посакувавме, но како за прв пат и со координација од далечина, мислам дека резултатите се добри, влеваат надеж дека со подобра организација за наредните избори можеме да имаме подобри резултати.

Ние планиравме 20 лица да ангажиравме, но немавме кандидати и од селекција имавме 17 кои беа распоредени во 6 изборни единици, да ги гледаат рекламирањето на политичките партии, митинзите, состаноците кои се одржуваа, рекламните материјали што ги споделуваа со граѓаните, се со насока да ни дада индиции отприлика за трошоците коишто ќе ги прикажат во финансиските извештаи, а согласно на тоа ние понатаму да се занимаваме со средствата коишто учесниците ги прибираат на своите трансакциски сметки, но најмногу заради заднината на тие собрани средства.

Последните измени сепак направија недоразбирања и неусогласеност на самите одредби што во финансирањето се дозволи политичките партии покрај средствата прибрани од донации, од правни и физички лица, да можат да ги користат и средствата од редовните сметки на политичките партии од оние извори што се различни од средствата што ги добиваат од буџетот. Со ова настана таква мешаница во висината на износите и на мала врата се дозволи за изборни цели да бидат користени различни износи на средства што ги уплаќаат правните и физички лица, еднаш на редовната, еднаш на трансакциска сметка. На овој начин едно лице може да уплати одредена сума, но тешко е дали тоа лице е способно да ги оспособи тие средства.

И понатаму остана и зголеми на учесниците во изборната кампања за неколкукратно известување за собраните донации, приходи, расходи, а  без притоа да бидат обезбедени соодветни обрасци  коишто ќе им ја поедностават работата. Уште посложено е фактот што сите овие извештаи треба да бидат доставени до ДИК, ДКСК и ДЗР. Една мешаница од обврски и начини на известување.

Начинот на кој беа спроведени и кои произлегоа од измените ќе бидат како патоказ за тоа што треба да се направи и подобри со новите измени што се заговараат во Изборниот законик. Мене ми е жал што Министерството за правда не нè вклучи во сам почеток во работната група. Минатата година учествувавме, активно учествувавме и придонесовме, беа прифатени добар дел од нашите забелешки и предлози. Не знам која е причината што оваа година не сме вклучени во сам старт, но јас се надевам дека ќе се најде начин и можности да не вклучат бидејќи сме една од институциите која активно учествува во самиот изборен процес.

Можам да кажам дека е задоволство да се има претставник од Владата со кој ние можеме да соработуваме. Ние на почетокот остваривме средба на која што беа искажани многу наши забелешки не само во делот на процесот на изборното финансирање туку и со сите надои со кои Комисијата излезе од нејзиното постоење од 2019 година па досега.

Што се однесува до корупцијата во политичките изборни кампањи, многу треба да се работи. За жал, измените што ги направивме во Изборниот законик, нормално не можат сѐ да спречат, не можат ни да предвидат, посебно од аспект што тие измени се донесоа во 5 до 12 и коишто беа некои противречни сами со себе одредби. Само еден пример. Ние како ДКСК не успеавме навремено да ги анализираме конечните финансиските извештаи што ги доставија политичките партии и по нив да се произнесеме од причина што постои законско неусогласување во доставувањето на финансиските извештаи од учесниците со нашиот извештај. Ние како ДКСК во рок од 90 дена од објавувањето на конечниот извештај од изборите да доставиме посебен извештај до Собранието на РСМ во кој што ќе ги нотираме проблемите и состојбите со кои сме се соочиле и постапувањата што сме ги имале во текот на изборниот процес. Тоа ги вклучува и анализите на финансиските извештаи.

Во измените на Изборниот законик нашиот предлог да не се исплаќа од редовните сметки не беше прифатен. Сакавме да се вметнат и прекршочни одредби, но и тоа не беше прифатено. Во текот на измените тие се нотирани состојби и од ДЗР, постојано ги известува за истите слабости. Сепак на крајот на краиштата политичките партии на крајот на краиштата кои влијаат на последните измени и дополнувања во изборниот законик. Ние како работна група правиме сѐ од аспект на своите надлежности да може да ги спречиме овие појави колку што се може со законските норми.

Ние започнавме еден голем проект во однос на наменското и законското користење на буџетските средства од избрани и именувани лица, јавните службеници итн., значи на сите оние на кои што државата им дозволила на некој начин пристап до своите ресурси. Со оглед на фактот што навистина имаме многу мал број на вработени, а голем број предизвици не само секојдневни работни задачи, работа по предмети, туку и  други законски надлежности работата на овој проект оди бавно. Јас се надевам дека за скоро време ќе испаднеме со извештај за сите овие состојби и наоди што ќе ги утврдиме и како и сите извештаи тие ќе бидат јавно достапни на нашата веб страна, но ќе бидат доставени и до господинот Љупчо Николовски како инструмент со кој што понатаму тој ќе може да се зафати со својата борба против корупцијата“, изјави Катица Николовска.

Б. Ј.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ