• Latest

Николовски: Драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација

November 27, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Николовски: Драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација

November 27, 2020 17:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Тој нагласи дека е факт оти здравственот систем е оптоварен и затоа, како што рече, повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања.

– Само така, заеднички ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус. А ние како Влада, и јас како вицепремиер под чија надлежност е координацијата токму со Инспекцискиот совет ќе направиме се што е во наша надлежност да им помогнеме на инспекциските служби, потенцираше вицепремиерот.

Николовски истакна дека информацијата за кадровската екипираност во и инспекторатите е веќе влезена во владина процедура.

– Евидентно е дека им е потребен значитено поголем број луѓе и ресурси и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања со цел да се обезбеди непречено функционирање, рече вицепремиерот.

Тој посочи дека ги охрабрува инспекциски служби да продолжат со интензивните контроли.

– Ја имаат поддршката од Владата, нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје, нема толеранција кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Секоја инспекциска служба во рамки на своите надлежности, има подеднакво значење и придонес во справувањето со пандемијата од Ковид 19 и вакви средби ќе спроведам и со другите инспекторати, изјави Николовски.

Директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова нагласи дека инспекторите веќе девет месеци наназад секојдневно се на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, школи, детски градинки козметички салони, старечки домови, секаде каде што е потребно.

Таа наведе дека само во последните четири дена доставени се 7.500  решенија за изолација на лица зразени со Ковид-19 и на лица кои имале контакти со позитивни.

– Последниот надзор во Клиничка болница Штип го завршивме за 48 часа. Исходот понатаму е иницирање на вонреден надзор за да се потврди или отфрли евентуална грешка во здравствениот систем. Надзорот во Клиничка болница Битола го завршивме за 24 часа со епилог издавање решение по кое директорката мора да постапи веднаш. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе моноторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, непријателот е невидлив меѓутоа е тука за нас, потенцираше Сотирова Бухова.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ