• Latest

Николовски: Парламентарното мнозинство е стабилно, ВМРО-ДПМНЕ треба да се трансформира за да има позитивен пристап кај граѓаните

February 6, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Парламентарното мнозинство е стабилно, ВМРО-ДПМНЕ треба да се трансформира за да има позитивен пристап кај граѓаните

February 6, 2021 13:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното мнозинство е стабилно, порача денеска од Штип, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени Парламентарни избори. Николовски забележа дека СДСМ е најголемата и најразноликата политичка партија, која ја добила целосната поддршка од граѓаните, како и од македонскиот исток со што, како што вели, се прати пораката дека граѓаните застануваат зад членството во НАТО, ЕУ, како и за западниот концепт и за трансформација на општеството со нови европски вредности, поголеми плати, крупни капитални проекти.

„Овде во Штип и ВМРО-ДПМНЕ имаа можност, прилика да учествуваат на избори пред само два месеци и нема крај на ретроградните и на политиките на затвореност, на политиките на омраза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад. ВМРО-ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно“, вели Николовски.

Забележа дека како Генерален секретар на СДСМ неговата партија ја направила најголемата коалиција, која  го има и најголемиот капацитет, а кон оваа коалиција се приклучуваат Срби, Роми, Бошњаци, Албанци, Македонци, од сите етнички заедници.

„Граѓаните еве и во овој процес даваат апсолутна поддршка на Социјалдемократскиот сојуз и додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме многу напред, ВМРО-ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, криминалните структури, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без луѓе“, вели Николовски.

Тој на првите луѓе на најголемата опозициска партија им порача да ја реформираат, а чесните луѓе и во неа да имаат можност да дојдат до највиските позиции, какошто тие го направиле во редовите на СДСМ, а се со цел да разговараат за идеи, проекти и заедно да ја развиваат земјата. Но, наместо ова, Николовски вели дека од ВМРО-ДПМНЕ има постојани блокади и тоа на реформите во судството, јавно обвинителство, потоа трансфер на предметите од СЈО во Основните јавни обвинителства, како и блокади на правдата и пописот. Според Николовски токму поради ова сите прогресивнио сили се со СДСМ и нивната коалиција и се постојано на терен со граѓаните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ