• Latest

Николовски: Продолжува борбата против корупцијата и криминалот, законот ќе важи за сите

March 24, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Продолжува борбата против корупцијата и криминалот, законот ќе важи за сите

March 24, 2021 14:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот ќе важи за сите, борбата против корупцијата и криминалот, но и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште по неселективно, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

-Покажавме на дело дека нема недопирливи, дека законот важи за сите, дека сега сите се соочени со правдата и одговорноста, ќе ги подобриме уште повеќе условите и уште повеќе млади луѓе ќе веруваат во државата и во институциите ќе се вратат назад. И нема назад од таа политика и од таа работа која што на многу структури во земјата, на многу кои се огрешиле пред законот им пречи, најмногу им пречи на опозицијата која постојано блокира и економски политики, се што е од интерес на граѓаните, рече Николовски, во одговор на новинарско прашање, по посетата на компанијата „БРАКО“ во Велес.

Прашан за коментар за одморот во Дубаи, тој посочи дека станува збор за одмор од три дена кој му следува законски, и бил договорен многу порано.

– Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено имам право да ги посветам на сопругата, можеби контекстот и од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи три дена и не како одмор туку и работни состаноци на сопругата која работи за странска компанија, не за домашна. А за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, три дена во годината да искористам за одмор, посочи Николовски.

Тој додаде дека можеби се праќа лоша порака и се извинува во тој дел, но, како што рече, борбата против корупцијата и криминалот и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште по неселективно.

-А точно Љупчо Николовски како било кој друг граѓанин има право на одмор законски, како што му следува, и тоа што законски ми следува нема да дозволам никој да ми го попречи, рече вицепремиерот.

Исто така, вицепремиерот напомена дека ниту се вакцинирал ниту правел бизниси, ниту ќе прави туку, како што потенцира, ќе се бори против корупција и криминалот и против сите криминалци во државата кои ќе треба да одговараат.

– Ниту сум се вакцинирал, ниту сум бил со службен телефон, ниту сум бил со службен или дипломатски пасош, ниту сум користел службено возило, ниту еден денар од државата Љупчо Николовски нема искористено во време кога е на позиција, потенцира Николовски.

Посочи оти е свесен дека вакви удари ќе има, но тоа, како што рече, нема да го поколеба на патот за средување на општеството, на институциите, на враќање на довербата на младите во државата.

-Законот ќе важи за сите, и во такви услови денеска сме соочени да за Љупчо Николовски бараат и сакаат да пронајдат било што е незаконски и лошо направено и во отсуство да не може да помине ниту една од нивните етикети, затоа сме решени оваа висока борба против корупција и криминал да продолжи до крај, додаде Николовски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ