• Latest

Николовски: Сите законски измени за дигитализацијата ќе бидат доставени до Собранието до крајот на август

July 13, 2021
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Сите законски измени за дигитализацијата ќе бидат доставени до Собранието до крајот на август

July 13, 2021 17:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите ќе бидат подготвени и доставени до Собранието до крајот на август, информираше на денешната владина седница заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Формираната работна група составена од сите надлежни институции, веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребите закони за дигиталната трансформација. Дополнително, како што информираат од кабинетот на Николовски, на денешната владина седница била донесена одлука за формирање на уште една работна група којашто ќе работи на дефинирање и усогласување во делот на опремата што треба да ја набават институциите за дигитализација на процесите.

– На седницата беа презентирани и предлози, за институциите каде што е неопходно физичко присуство на лице од институцијата.  Еден од предлозите беше, оние процеси за коишто нема опција да се дигитализираат, односно е неопходно човечко присуство од страна на надлежни органи, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија, се вели во соопштението.

Николовски, како што информираат од неговиот кабинет, на денешната владина седница пред членовите на Владата го презентирал степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција.

– Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација нa имот со Акциски план подготвена од Министерството за внатрешни работи. Основна цел на оваа стратегија е зајакнување на капацитетите на националните институции како и на нивната координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот, се вели во соопштението.

Како дел од активностите утврдени во Планот за борба против корупцијата, се вели во соопштението, се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– На седницата беше донесена одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Министерството за правда во соработка со Јавното обвинителство ја достави анализата за потребната кадровска и техничка екипираност на обвинителствата. Министерството за економија го подготви Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на  надоместокот, информираат од кабинетот на Николовски.

Николовски, на седницата, исто така, информирал дека паралелено, институциите ги спроведуваат задолженијата за подготовка на  интерни процедури за јавни набавки, годишна Антикорупциска програма, назначување на лице за внатрешно пријавување.

– На денешната владина седница се усвоија измените и дополнувањата на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Според препораките од ГРЕКО, со новите измени и дополнувања, разграничена е функцијата на лицето за интегритет коешто дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на  Кодексот, се вели во соопштението.

Со измените и дополнувањата, посочуваат од кабинетот на Николовски, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во Секретарјатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ