• Latest

Нимиц: Македонскиот јазик постои, не може да се преговара за нечиј идентитет

July 18, 2021
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нимиц: Македонскиот јазик постои, не може да се преговара за нечиј идентитет

-Една медијација во животот е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

July 18, 2021 10:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

Нимиц во интервју за Канал 5, прашан за односите Софија-Скопје, и за тоа дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија, појаснува дека за грчката страна проблемот не бил идентитетот туку името на јазикот, а во овој случај станува збор за поинаков спор.

-Овие прашања се уникатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое тие сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија, вели Нимиц.

Запрашан може ли да се разговара за нечиј идентитет, што е внатрешно чувство на припадност, Нимиц дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

-Не, не можете. Меѓу Грција и Северна Македонија имаше внатрешни чувства, и се уште има. Луѓето во Северна Македонија се емотивни за тоа и луѓето во грчкиот регион Македонија се се уште емотивни. Не се водите од емоции, но, можете да постигнете договор за тоа како разговарате за тоа, како го артикулирате тоа, со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања, вели американскиот дипломат.

Амбасадорот Нимиц смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да го решат прашањето, како и за тоа дали им е потребна медијација.

-Една медијација во животот е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ