• Latest

Некој во вселената, некој на паркинг

February 1, 2018
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Некој во вселената, некој на паркинг

February 1, 2018 11:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес убав ден, неделава убава навистина, полна со убави вести и убаво време, воздухот загаден, бесплатен автобус, демек некоја мерка била викаат, не функционира знам.

Пишува: Ермин Климента

Поради лични причини често морам да одам во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, не влегувам во паркингот, не сум ни малку оптимист дека ќе најдам паркинг место а навистина немам намера да си ги кинам живците, или не дај боже да заглавам амбулантно возило на паркингот на кое навистина му треба пат до клиниката.

На моето работно место си имам рутина, прво што правам е кафето, потоа го вклучувам компјутерот и ги читам вестите, одбирам кои од нив ќе одат на нашиот веб, најчесто сум задолжен за светските вести па затоа наидов на една интересна вест која веднаш ја објавив.

Завршив на брзина, продолжив да си го пијам кафето и да гледам бледо во веста која ме замисли, кај нас во Македонија, немаме место да паркираме, ги заглавуваме нашите амбулантни возила, Обединетите Арапски Емирати одлучиле да направат болница во вселената, ќе започнат во 2020, тоа е за 2 години си велам, ние немаме паркинг, се замислив.

ОАЕ сепак не се совршени, впрочем далеку од тоа откако се подразмислив поубаво, не им дозволуваат на жените да возат па секако дека нема да имаат проблем да паркираат, дали ќе им дозволат да одат во болницата во вселената ?

Покрај овој мал детал кој секогаш ми пречел во ОАЕ, тука се и големите работи, со нивните 348 билиони годишен буџет наспроти нашиот скоро 11 билиони долари ние можеме да си дозволиме барем еден нов клинички центар со катна гаража, зар не ?

ОАЕ се залага да направи болница во вселената но не се залага да помогне во регионот, земјите околу нив се западнати во тешки времиња последниве децении, страшни граѓански војни и бегалски бранови ги обземаат и влијаат на светската политичка сцена но сепак болницата во вселената е приоритет нумеро уно.

Во ред, ако случајно излезе некоја нова технологија за замрзнување би сакал да спијам 100-200 години да се разбудам можеби во некоја Утопија, иако потсвесно,  длабоко во себе  знам дека светов никако не оди кон подобро и тој песимизам е потврден со неодамнешното поместување на светскиот часовник на смртта… на 2 и пол минути до полноќ е уште еден јак показател дека 4те коњи на апокалипсата се тука.

Tags: АмбулантаКлинички центарМајка ТерезаОбединети Арапски ЕмиратиОПШТЕСТВОпаркингхаос
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ