• Latest
Фото: Ангел Ангеловски

Нотирани се разлики во постигнувањата на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик со оние кои учат на албански јазик

May 4, 2023
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нотирани се разлики во постигнувањата на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик со оние кои учат на албански јазик

May 4, 2023 13:39
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

ЛУАН ИМЕРИ

Понекогаш се впуштамe во битки за кои можеби знаеме однапред дека се изгубени но сепак еден дел од нас никогаш не се откажува. Не сакаме да се предадеме без борба и без јасна порака дека не се согласуваме, дека не е праведно, дека нема да прифатиме  нешто што е против нашите принципи и против самите нас.

Како родител на едно дете кое веќе е дел од основното образование, и на друго дете кое допрва ќе стане дел од овој процес, но и како припадник на Албанската заедница која во минатото особено била дискриминирана во однос на образованието и која многу жртвувала за подобро образование, а денеска во услови на образование на мајчин јазик, министер Албанец, директор на училиште Албанец, наставници Албанци, дозволете од моја перспектива да ви го опишам секојдневното разочарување и секојдневните предизвици со кои се соочувам, пред сѐ како родител.

Ќе ви опишам еден типичен ден во едно основно приградско скопско училиште во кое наставата се одвива на албански јазик.

Прво, на пат до училиштето треба многу да внимавате да не ве прегази некое дете кое управува автомобил и превезува други деца. Ги има доста. Потоа, следниот предизвик е да ја поминете улицата и на обележаниот пешачки премин во кој секогаш има паркирани возила, треба да почекате додека некој се смилува да ви даде предност да поминете. Тротоарот до и околу училиштето секогаш е преполн со паркирани возила, а децата го користат патот по кои поминуваат автомобилите за да стигнат до училиштето. Ако го поминавте и овој чекор, тогаш влегувате во дворот на училиштето низ паркинг во кој уредно се обележани паркинг места и местата каде е забрането да се паркира. Е, токму таму каде е забрането паркирањето, таму се паркираат „моќните“ родители и вработени од училиштето.

Ако ги поминете сите овие препреки и стигнавте до училиштето тогаш, веројатно, ќе се реализира наставата. Велам „веројатно“ затоа што често се губат часови.Родителите ниту се запознаени за причините а уште помалку за тоа дали тие часови некогаш ќе се надоместат.

Откако ќе го оставите детето, мора постојано да го држите телефонот во рака за случајно да не ја испуштите најчестата порака што ја добиваме: „Дојдете земете си ги децата!“. Без објаснување зошто не се работи по распоред, без никаков дополнителен коментар. И да, сите родители се третираат исто, и тие што работат далеку од училиштето, и тие што не можат да излезат од работа, сите мора да се појават на училиште за десетина минути.

Самото реализирање на наставата е приказна за себе. Кога наставниците се расположени тогаш знаат навистина добро да работат со децата. Но, најчесто не се расположени. На пример, сега некои не беа расположени за време на постовите, тешко ги поминуваат, некои го губат расположението кога некој родител ќе ги праша нешто за нивното дете, некои се нерасположени од ниските примања, некои се нерасположени без некоја причина… А кога не се расположени тогаш не можат да ги одржат сите часови или на час им даваат на децата да препишуваат текстови од книга. Да, децата најчесто препишуваат текстови на час. Веројатно со препишување текстови некои наставници имаат намера да придонесат кон обезбедување квалитетно основно образование односно мислат дека така училиштето ќе ги оспособи децата да одговорат на барањата на животот во сегашноста и иднината. Веројатно мислат дека со препишување текстови учениците полесно ќе можат да ги постигнат очекуваните резултати од учењето бидејќи го доживуваат она што го учат како релевантно и корисно, односно како нешто што можат да го донесат во релација со секојдневниот живот?!

Има и наставници кои многу работат. Така барем ни кажуваат. Ама не со децата, работат на проекти и гордо ни соопштуваат на нас родителите доколку некогаш прашуваме зошто денеска се губеа часови? Небаре проектите се основната работа со која треба да се бави наставникот, а не наставата.

Да, како родители сме реагирале. И да, има и одлични и посветени наставници. Има и раководство кое од време на време знае да реагира. Дали нешто се менува? Не!

На една родителска дури и ни беше сугерирано „да затвориме едно око, да затвориме едно уво, и ќе помине, сите сме луѓе и правиме грешки“. Наместо да ги отвориме широко очите, би требало да затвориме едно.

Кога ќе пријавиме во полиција дека деца возат автомобили ни викаат „надлежните од училиштето да пријават“ или „од каде знаете дека се деца?“. Целата постапка при пријава на случај во полиција е обесхрабрувачка за тој што пријавува. Од друга страна надлежните од училиштето ни кажуваат дека „е реагирано до надлежните ама немаат одговор“. И сѐ така во круг. Секој ден. Разочараноста е голема!

Светот брзо се менува и станува покомплексен, а образовниот систем (треба да) тежнее да овозможи децата и младите да станат агенти на сопствената иднина и да се справуваат со некои од најголемите проблеми во светот. И ние преку нашиот образовен систем сме се определиле дека ќе делуваме во совладување на основните вештини, совладување на трансверзални вештини, прифаќање на европска перспектива во образованието и секако обезбедување институциите за образование да бидат безбедни средини, без насилство, говор на омраза, дезинформации и дискриминација. Поважно од кога било досега е децата и младите, особено најранливите, да добиваат знаења и вештини за да можат да се соочат со предизвиците на новото време. Тие знаења и вештини не се добиваат со препишување текстови на час и препишување текстови како домашна задача.

За жал, ситуацијата е слична во повеќето еднојазични училишта во кои наставата се реализира на албански јазик. За среќа, ова не е типична ситуација за училиштата во кои наставата се изведува на македонски јазик. Зошто? Зошто според меѓународни тестирања, постојат значителни разлики во постигнувањата на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик со оние кои учат на албански јазик? Зошто децата Албанци постигнуваат полоши резултати од децата Македонци од иста возраст?! Дел одговорот ќе го пронајдете во и меѓу редови во текстот погоре.

 


 Преземено од Рацин.мк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ