• Latest

Нов групен дом во Скопје за младинци поранешни штитеници на Заводот во Демир Капија

October 8, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нов групен дом во Скопје за младинци поранешни штитеници на Заводот во Демир Капија

October 8, 2019 13:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Четири нови лица, младинци од 18 до 26 години се извлечени од Специјалниот завод Демир Капија преку процесот на деинституционализација. Отсега тие ќе живеат во мал групен дом во Скопје, каде ќе имаат подобруи услови за живот, подобра и поквалитетна грижа, но и можност да се вклучат воп заедницата и општеството. За нив ќе се грижат четири негувателки и две стручни лица.

– Откако ги извлековме сите деца од Демир Капија на возраст од нула до 18 години, продолжуваме во втора фаза, а тоа е извлекување на повозрасните односно младинците, затоа што сметаме дека секое лице заслужува можност за вклучување во општеството и да се искористат односно тој да ги вложи своите потренцијали и можности во него. Тие во скопје ќе можат да ги користат социјалните услуги во оваа околина, да се вклучат во општеството и да добијат поквалитетна грижа и љубов што овој мал групен дом може да им ја понуди, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на домот.

За услугите да бидат поквалитетни, смета Царовска, тие треба да бидат креирани на локално ниво, поддржани од локалните самоуправи, а граѓанските организации да се појавуваат како даватели на социјални услуги. Овој мал групен дом, вели министерката, е пример за тоа.

Директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска информира дека ова е петти групен дом во рамки на Заводот.

– Од оваа институција излегоа четири нови лица. Тука добиваат подобри услови за живеење и поквалитетна и индивидуализирана грижа согласно нивните лични потреби. Деинституционализацијата  не значи само промена на живеалиштето и подобрување на условите за живот на овие лица, туку за разлика од институционалното згрижување каде корисникот е пасивен примател на помош, овде живеењето со поддршка го зајакнува корисникот и му нуди право на личен избор согласно индивидуалните потреби, рече таа

Овој мал групен дом е поддршан од Градот Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека деинстиционализацијата за нив како локална самоуправа е предизвик повеќе, бидејќи, како што рече, секое лице има право на топол дом, домашна атмосфера и подобри услови и грижа

– Суштината е всушност тие лица да ги донесеме во локалната заедница од каде потекнуваат за заедно со специјалните едукатори да помогнеме да ја почуствуваат топлината и грижата. Тоа се стандардите кон кое тежнееме. Секој има право на нормални услови и за живеење и за развој, затоа треба да работиме  институционализацијата како застарен систем да ја снема од нашата држава, рече Шилегов.

На подготовките за излегување на лицата од заводот во Демир Капија, работеле стручни лица од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори.

– Во август 2017 година се вклучивме во процесот на деинстуционализација директно во заводот во Демир Капија и работевме на подготвување на корисниците за напуштање на установата, со 30 деца и младинци до 26 години, ова е една од тие групи кои го напушта Заводот, како и со 90 возрасни лица. Работевме на подготвување за самостојно живеење или за живеење со поддршка и во тој дел вложивме напори бидејќи од ваква институција е тешко да ги подгготвиш корисниците со оглед на тоа што се работи за корисници со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки, рече Горан Петрушев од Сојузот.

Министерката Царовска се согласува дека процесот на подготовка е исклучително важен во овој процес. Ова ќе биде процес кој ќе трае и се прави чекор по чекор, бидејќи подготовката на корисниците, од кои некои повеќе од 30 години живеат таму, е повеќе од потребна.

– Доколку не подготвиме група која ќе излезе заедно и не ја подготвиме за тоа што ги очекува надвор, тие тешко ќе се соочат со различниот начин на живеење, зашто институционализацијата значи форма на живеење на која тие се навикнуваат, и кога ќе ги донесете во друга средина може да има дразби кои можат да бидат и штетни доколку несоодветно ги подготвите, рече таа.

Досега се отворени два групни дома со лица над 18 години и три до 18 години, кои биле штитеници на Заводот во Демир Капија.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ