• Latest

Нов модел на проценка на децата со попреченост

September 30, 2019
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов модел на проценка на децата со попреченост

Министерството за образование и наука, како што посочи Царовска, направи многу за ревизија на оние деца што беа во специјални училишта, сега веќе да одат во редовни преку овој тип на проценка.

September 30, 2019 13:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади започна да се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ, кој овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал.

– Овој Центар за првпат во државава е воспоставен во старите простории на Домот „11 Октомври“. За првпат почнува функционална проценка на децата со атипичен развој или со одредени попречености, во насока на тоа што може да направат и како општеството треба да ги поддржи и што секоја инситуција треба да направи за тие да го постигнат максимумот од своите можности. Со тоа даваме можност за вистинска инклузија или вклучување на овие деца и лица во нашето општество, изјави при денешната посета на Центарот министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Министерството за образование и наука, како што посочи Царовска, направи многу за ревизија на оние деца што беа во специјални училишта, сега веќе да одат во редовни преку овој тип на проценка.

Според министерот за образование и наука Арбер Адеми, инклузијата на децата со посебни образовни потреби е приоритет на Владата и на сите инситуции.

– Затоа преземавме храбри чекори, како што е донесувањето на новиот закон за основно образование и каде предвидовме конкретни чекори особено во делот на тоа дека од учебната 2022-2023 година сите деца ќе бидат запишани во редовни училишта, рече Адеми.

Заменик – министерот за здравство Асим Муса посочи дека од почетокот интензивно се ангажираат за исполнување на својот дел со ангажирање на кадри и стручни лица во тимот, овие деца најнормално да се вклопат со останатите деца во општеството.

Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј, пак, вели дека цврстиот социјален сектор е витална работа за сите наши земји, како ги образуваме и како ги воспитуваме нашите деца да се вклопат во општеството, додавајќи дека Центарот ги поддржува и децата и нивните семејства.

– Сега е од пресудна важност сите чинители да сработуваат и да посветата напори кон јакнење на капацитетите и можностите за реализација на ваквите реформи во целата земја, рече Галовеј.

Според преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс овој модел на работа е значаен поради тоа што родителите се вклучуваат во разговор со психолог, социјален работник, специјален едукатор, педијатар, и родителот е дел од рамноправно партнерство со овие стручни лица.

– Средината во која сето ова се одвива е пријатна и поволна за детето. Дискусијата се води околу тоа не што детето не може да прави, туку што умее и што може да прави. Како ќе го живее својот живот во кој може да напредува, да го реализира својот потенцијал, со достоинство и исполнувајќи го целиот свој животен циклус. Нешто што сите ние посакуваме за нашите деца, додаде Перкс./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ