• Latest

Нов обид Димитров да реферира за надворешната политика

July 26, 2018
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов обид Димитров да реферира за надворешната политика

July 26, 2018 09:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешни прашања на која излагање за остварување на меѓународната политика треба да има министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

Комисиската седница првично беше закажана за вчера, но и по два обида да започне, беше одложена откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали што како Комисија ги побарале и ги добиле од Претседателот на РМ. Според мего, тие се многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред.

Милошоски ги обвини власта и претседателот на Собранието Талат Џафери дека забраниле овие материјали да бидат доставени до пратениците и оти тоа говори дека се обидуваат нешто да сокријат. Потенцира и дека материјалите се однесуваат на две средби што се одржале кај Претседателот на државата во врска со преговорите за името со Грција во јануари и мај, на кои како што рече, министерот имал различни ставови. Воедно, најави дека седницата ќе почне откако материјалите ќе бидат доставени до членовите на Комисијата.
Министерот Димитров, кој немаше можност да говори пред Комисијата, во изјава за медиумите истакна дека во сите преговори има и преговарачки тактики, има позиции, но оти нема намера сега да говори за тоа за да не му наштети на целиот процес и постигнатиот Договор.
– Ние сме во еден деликатен процес. Се што ќе излезе во нашата јавност ќе се пренесе и во грчката јавност и таму може да им ја отежниме работата и за мене е многу поважно процесот да успее и да има резултат отколку јас денеска да излезам победник, а сите да излеземе поразени по крупната тема, рече Димитров додавајќи дека ќе дојде време кога ќе се декласифицираат сите работи.
Додаде дека за тоа како се води надворешната политика говорат постигнатите резултати, патоказот за ЕУ, поканата за членство во НАТО, постигнатите договори со Бугарија и Грција, како и посочувањето на Македонија од страна на меѓународната заедница како светол пример во регионот.
Претходно на почетокот на седницата пратениците од страна на власта ги обвинија Милошоски и опозицијата дека со неделовнички потези прават театар за да го тргнат вниманието од состојбите во паријата.Му порачаа доколку сака навистина дебата, да закаже посебна седница на која ќе разговараат отворено и контруктивно.
На денешната седница своите платформата за дипломатските активности ќе ги презентираат и четворица новонаименувани амбасадори на Република Македонија во Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски и Александра Миовска во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. (МИА)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ