Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан денеска, според EMSC.
Според извештаите, земјотресот се случил на околу 270 километри од Камчатка, а епицентарот бил на длабочина од 53 километри.
По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за делови од Русија и низ Тихиот Океан, а жителите беа повикани да се евакуираат од крајбрежните области во областите со висок ризик.
Ова е најсилниот во серијата земјотреси што следеа на 30 јули, кога регионот беше погоден од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени, што предизвика цунами на Тихиот океан.
М. Д.