Нова демократија со 27,58 отсто е прва на европските избори во Грција, според официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, со преброени 40 проценти од гласовите, СИРИЗА добива 14,70 отсто, а ПАСОК 13,43 проценти, пренесува МИА.
Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и заедно добија околу 17 отсто од гласовите.
Согласно официјалните резултати со пребројани 40 отсто од гласовите:
Нова демократија добива 27,58 отсто
СИРИЗА 14,70 отсто
ПАСОК 13,43 отсто
Грчко решение од 9,92 отсто
Комунистичка партија 9,28 отсто
Победа 4,43 отсто
Курс на слободата 3,38 отсто
Глас на логиката 3,04 проценти
На минатогодишните парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.
Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е убедлив победник и на изборите за пратеници во Народното собрание на Бугарија и на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат излезните анкети по денешното гласање.
ГЕРБ освиле 25,8% од гласовите, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов – 15,5%, партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски (ДПС) – 14,7%, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов – 14,2%, Бугарската социјалистичка партија (БСП) – 8,9%, Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов – 6,5%.
Бојко Борисов пред изборите најави дека веќе нема да се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на политичката нестабилност.
Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.