• Latest

Новакоски: Повредено е правото на глас!

December 29, 2016

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новакоски: Повредено е правото на глас!

December 29, 2016 16:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Новакоски, Александар Новакоски, адвокат и правен експерт, поранешен претседател на Државната изборна комисија го анализира изборниот процес во Република Македонија:

Во целина, изборниот процес од распишувањето на изборите, но и периодот пред распишувањето, може да се подели на три етапи. Прво, имаме проблем со Избирачкиот список којшто не се надмина, и тоа се потврди на самиот изборен ден. Според мене, проблемот се должи на несоодветната методологија и тука мора да се очекуваат забелешки. Со оглед на фактот дека Избирачкиот список е веќе подолго време е тема на сите изборни процеси, во зависност од тоа кому, какви му се резултатите, а никогаш не се отишло на конечно решение.

И овој пат, решението што беше употребено и активно поддржано од повеќето меѓународни фактори и невладини организации, коишто беа и одамна се заминати, покажа дека повторно не се најде решение. Не се најде, затоа што, според мене, се употреби несоодветна методологија, договорена меѓу четирите политички партии.

Второ, добро е тоа што целиот изборен процес беше договорен меѓу политичките партии и тие целосно ја преземаа одговорноста, значи беа исклучени надлежните органи за спроведување на изборите. Така, буквално и составот на Државната изборна комисија (ДИК) и начинот на нејзината работа во целост беше утврден од четирите релевантни политички партии, коишто ги дадоа своите претставници во ДИК. Промената на составот на ДИК не покажа никаква предност, со тоа што се поставија тројца експерти.

Самиот изборен ден покажа дека многу лица не беа на Избирачкиот список. Јас цело време упатував на тој факт дека ќе се случи и тоа се случи. Бев прашуван: „Зошто тоа? Од каде?“

Мислат дека се покрија со законот. Реално има законско покритие за да се брани тезата којашто знам дека ДИК ќе ја брани со: „Па, законот нам ни дозволуваше!“, за сите тие за кои со вкрстени податоци се утврди дека се несоодветни и за тие кои што нема да се пријават.

Но, заборавија на некои клучни прашања.

img_1675
Александар Новакоски

Ние направивме мешаната комбинација на активна и пасивна регистрација на гласачите. Моето прашање е, зошто не се прифати пасивната регистрација која беше предлагана од повеќе експерти? И јас ја предлагав пред две години. Се одеше Избирачкиот список целосно да се доведе во прашање.

Мислам дека за прв пат имаме голем број на гласачи кои не беа во можност да го остварат правото на глас, кое што согласно со сите меѓународни стандарди за избори е тешка повреда на избирачкото право. Не е познат бројот на овие гласачи, но колкав и да е, се работи за повреда.

Ме интересира како тоа ОБСЕ и ОДИХР ќе го искоментира и ќе го стави во извештајот. Ова, затоа што во првичните извештаи тие го споменаа како проблем. Но, ако тука се земе предвид законот, можеби ќе ретерираат од таквата оценка.

Друго, имавме мирен изборен ден и технички добро организирани избори. Но, имајќи го предвид капацитетот на ДИК, срам е и да немаме технички добро организиран изборен ден во однос на материјали, подготовки…

Што се однесува до финалната фаза, изборите беа мирни, бидејќи политичките партии гарантираа дека ќе бидат мирни. Морам да кажам дека прв пат имавме избалансиран однос на медиумите, тоа беше очигледно и тоа мора да се признае.

И сега доаѓаме до оценка за работата на ДИК. Само со приговорите, ДИК покажа дека е исполитизирана, значи повторно не се најде решение. Потоа, проблемот со необјавување на резултатите во текот на ноќта. Според мене, тоа е неприфатливо. Тука се гледаат тие политички калкулации, кои што потоа покажаа дека тука, можеби, се работело под притисок. Со тој притисок и тесните резултати на овие избори, целиот притисок се префрли во ДИК и околу одлучувањето по приговорите. Мислам дека е недозволиво за еден состав со тројца експерти, кои, ако беа експерти и ако не беа во ниту еден момент пристрасни, без разлика на дискусиите на политичките преставници, тие приговори можеа да ги решат многу брзо. И тие рокови се пробиени максимално. Затоа ќе треба да се претрпат измени на Изборниот законик, бидејќи во претходните изборни циклуси, се решавале можеби по 200-300 приговори. На најмирни избори се отворале по 200-300 избирачки кутии и се пребројувал целиот материјал. Овде сметам дека повторно се работи за внатрешен проблем: координација, организација и менаџирање со изборен процес.

Ве уверувам дека забелешките на ЦИВИЛ беа на место. Не навлегувам во оценката на поранешните изборни циклуси. Тие се јавни, конечни извештаи кои што ги има на веб страницата. Ние овде, сега ќе се соочиме можеби повторно со нови забелешки, кои што сме ги заслужиле. Навистина роковите се невкусно, недозволиво пробиени.

На мал број приговори кога ќе се пробијат рокови, автоматски значи дека се работи за притисоци и политизација. Мене ме чуди зошто членовите на избирачките одбори од политичките партии, кога виделе дека има таков број на неважечки гласачки ливчиња, на пример, не ставија забелешки во записникот.

img_1744

Јас ја разбирам ситуацијата во ДИК, рокот е 48 часа за објавување на резултатите. ЦИВИЛ како невладина организација може да сугерира. Но, проблемот е поголем кога членови на избирачки одбори не ставиле забелешка на неважечки ливчиња, а во меѓувреме имаме два приговора, од кои е очигледна целта, нешто да се смени. Бројот на неважечки ливчиња се занемарува, а е голем.

Бројката на неважечки е голема и сега шпекулацијата е дека тие се направени неважечки поради одредени причини, дека поголемиот број на неважечки се настанати под одредени околности. За да се избегнат тие шпекулации, ако имаше членови на избирачките одбори од политичките партии, кои ги ставиле забелешките, ДИК ќе мораше да ги отвори, да ги провери и дури и на лаик би му било јасно дали намерно или ненамерно се правени неважечки ливчиња.

Јас се сеќавам на еден изборен процес кога навистина имаше голем број на неважечки, но при отворање на кутиите се утврди дека тие се 90% намерно направени неважечки, со имиња на актери или со погрдни зборови, а тоа може да се провери.

Зачудува фактот да нема забелешки од членови на избирачките одбори. Имам коментар и за тоа. Знаеле партиите дека се со мала разлика и не ставале забелешки, бидејќи имало обратни случаи кога ставале забелешки, па истите ги користела партијата која ќе загуби. Значи, повторно доаѓаме до тоа дека одлучувале штабовите, а не одлучувале избирачките одбори.

Не сум го променил ставот за Избирачкиот список. Знаете и за обвинувањата дека немало попис, па затоа не е добар Избирачкиот список. Сите тие работи држат до некаде, но за да биде злоупотребен на избори, ако му дозволи избирачкиот одбор, Избирачкиот список ќе биде злоупотребен, во спротивно не може да се злоупотреби. Знаете дека во одредени средини одѕивот повторно  беше 50, па и 60 отсто, значи повторно имаме 40 отсто кои биле на списокот, но од одредени причини не сакале да гласаат. Ако избирачкиот одбор совесно си ја вршел работата немало да дозволат тие гласови да се злоупотребат.

Сега настана друг проблем. Луѓе кои отишле да гласаат, не се на Избирачкиот список. Само во затворот имате 600  примери. Другата бројка не ја знам, но може да се направи анализа по конечните резултати, која е таа бројка на лица кои биле на гласање, но ги немало на Избирачкиот список. Ќе повторам, не верувам дека на овие избори можело да се злоупотреби Избирачкиот список на начин што некој би дозволил некому да гласа. Имаше еден случај и тој беше под приговор. Ако имаше повеќе случаи, како што имаше јавувања од невладините, тогаш избирачките одбори се прикриле самите себе.

img_1734

Пак се враќаме на избирачките одбори. Тие ги информирале ОИК и ДИК, а ДИК не реагирала. Ако се сеќавате на прес-конференцијата на денот на изборите кога се кажа дека тоа е ништо, само 20 лица, на крај излегоа 330 лица, официјални приговори. За некој да достави официјални приговори, треба некој од Делчево да го поднесе, нема секој услови да дојде во Скопје, па да достави приговор, а знаете што се случува со електронското доставување на приговорите. Нели сајтот беше хакиран, па не беше хакиран, па не можеше да се изврши проверка…

Ако таа бројка е голема, без разлика што завршија изборите, ние имаме сериозен проблем. Значи ние сме им скратиле право на глас на неколку илјади лица. А, тие илјада лица ако гласале, менувале мандати, како што видовте и на самото прегласување.

Што се однесува до самото прегласување и одлуките на Управниот суд, јас имав една изјава која беше крајно злоупотребена од медиумите. Јас реков дека ДИК може да поништи и по службена должност и дека, ако гледа неправилности во гласањето предизвикани од избирачките одбори, ако имало прекини, ако не работеле УВ ламби. Доволно е 30 минути УВ ламба да не работи, па да има злоупотреба.

Зошто целиот Избирачки одбор го ставаш во ситуација да дава некои си вештачења? Бидејќи, следните избори, некоја несовесна партија, а ние имаме такви, ќе поднесе 1.000 приговори со 1.000 графолошки вештачења. И ние нема да имаме завршеток на избори шест месеци.

Ако е така, нека се направи промена на закон! Рокот е краток… Затоа, се продолжува рокот, се објавуваат конечните резултати, а сите други работи ги истражуваат надлежни органи.

Ако еден потпис е проблем и се утврди дека е или не е злоупотребен, каде се овие што не можеа да гласаат, илјадници луѓе? Значи, според што гласот на граѓанката чиј потпис се вештачеше е посилен од гласот на другите? Добро е што се отвори тој случај, но прашањето е кога ќе се наиде на таква нерегуларност, нема потреба да се бара графолог. Се поништува по службена должност и се прегласува! Тогаш ни Управниот суд не ќе може ништо да направи. Тоа беше моето мислење, а не дека не треба да се провери. Сé треба да се провери. Но, во тие рокови, ако вие перманентно не ги едуцирате членовите на Избирачкиот одбор да ставаат забелешки за неважечки ливчиња, не очекувајте потоа невладините организации да го решат тој проблем. Тој проблем потоа не може никој да го реши.

Очигледно, сите калкулирале и не ставале забелешки на записниците или ставале, ние немаме такви информации, но партиите не ги употребија за соодветни приговори или не знаеме за тоа, бидејќи резултатите им одговараа.

img_1669
Александар Новакоски, Александар Новакоски, адвокат и правен експерт, поранешен претседател на Државната изборна комисија го анализира изборниот процес во Република Македонија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар Новаковскивидео анализа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ