Пет нови случаи позитивни на КОВИД-19 и двајца дополнително, кои биле дијагностицирани во друга лабараторија и за кои ќе треба да се потврдат во Институтот за јавно здравје, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Четири лица се од Дебар и една педесет и четиригодишна жена од Скоје, која се вратила од Холандија преку Виена, вечерта на 12 март.
Таа се вратила од Холандија помеѓу 12 и 13 март, развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Инфективната клиника во Скопје. Таа била во домашна самоизолација, најдени се членовите на фамилијата, како и возачот на такси-возилото со кое дошла од аеродромот, а се бараат и 31 лице кои се вратиле со неа од Виена“, изјави министерот Филипче.
Во приватната болница „Жан Митрев“ се јавиле две лица со симптоми на грип, и тестовите таму се позитивни, но истите ќе бидат повторени.
На клиниката за инфективни болести досега се хоспитаизирани 14 патници.










