• Latest

Новинари и функционери во исказите за „Таргет-Тврдина“ порачаа дека се чувствуваат оштетени

September 22, 2020

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новинари и функционери во исказите за „Таргет-Тврдина“ порачаа дека се чувствуваат оштетени

September 22, 2020 15:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година денеска сведочеа за тоа која функција ја имале во општеатвото во тој период и како дознале дека се прислушувано, на судењето за незаконското следење на комуникациите “Таргет-Тврдина”. Се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување, пренесува МИА.

Сведокот жртва Горан Сугареваки, пред судот рече дека од 2008 година бил пратеник во Собранието, а од 2011 и координатор на пратеничката група на СДСМ, а за тоа дека бил цел на прислушување дознал откако објавил Зоран Заев.

– Се обратив во СЈО кон крајот на 2016 година, каде ми беше кажано дека во 2008, 2009, 2011 и 2013 година службениот број бил сериозно прислушуван, изјави Сугарески.

Рече дека се чувствува оштетен, но дека  не бара никаква штета во оваа постапка.

Новинарот Саше Димовски, рече дека телефонскиот број што го користи од 2001 година е ист и менувал само префикси, како што менувал оператор.

– За тоа дека бев прислушуван станав свесен во 2010 година, по објавување на текст, за кој тогаш добив куп материјали од нелегално проалушувани разговори на обвибители од ОЈО Гевгелија. Истото по телефон го предочив на тогашниот јавен обвинител, сега адвокат во судница, по што и го објавив и мислам дека од тогаш мојот број беше ставен на прислушување, изјави Димовски.

Посочи дека имале сопствен поздрав “Остваруваме 24/7” на крајот на секој разговор, со цел, како што рече, да им стават до знаење дека сме свесни за прислушувањето.

– Се чувствувам оштетен. Како што знаете, не по мое барање, туку на СДСМ на мене ми беше дадена папка со транскрипти од мои разговори со луѓе, кои и повеќе не беа живи. Со тоа моите приватни и интимни разговори се најдоа како на зелен пазар, што ми предизвика голем стрес, со што ми се покачи шеќерот, добив инфаркт и слепило, а штетата само за лекување е 30 илјади евра. Затоа барам отштета од 200 илјади евра, изјави Димовски.

Катерина Цаневска, рече дека додека работела во А1 телевизија се случувало за вести или прилог што се уште не е објавен, за тоа да добијат демант од институција или влада, поради што се сомневале дека се прислупувани.

– Тогаш знаевме и после само се потврди дека на четири мои телефони сум била следена, изјави Цаневска.

Рече дека се чуватвува оштетена, бидејќи е направен удар врз демократијата и нејзината работа како новинар.

Четвртиот сведок оштетен Младен Чадиковски, рече дека од 2008 до 2011 бил уредник на А1 телевизија, а до 2013 бил уредник на економска редакција во Фокус.

– Сознанија добив во 2015 година кога на прес на тогашната опозициска партија беше обелоденето моето име и ми беше дадена папка со мои разговори. Претходно сум имал сомненија, но не можев да потврдам, изјави Чадиковски.

Рече дека се чувствува оштетен и најави оштетено побарување.

Сведокот оштетен Јадранка Костовска, рече дека од 2008 до 2015 била главен уредник на неделникот Фокус, и потсети дрка била дел од случајот Големо уво од 2011 година, што со неколку новинари го добиле, но никој не одговорал.

– Постојано имаше сомнежи. Во 2011 година почна една канонада тужби за клевети за делови од поставени прашања од прес-конференции. За тоа се жалев на Никола Младеновски, за лошиот третман во судот и тогаш почна речиси секоја неделада да добивам тужби за клевета. Мојот сомнеж е дека некој знаел дека тоа силно ме иритира и барав од Младенов да поатави друг урдник и затоа беа тие тужби. Класичен мобинг зошто 70 проценти од тие тужби беа повлечени, изјави Костовска.

Посочи дека на прес конференција на Зоран Заев и била дадена папка со транскрипти од нејзини телефонски разговори и смс комуникација. Костовска, рече дека се чувствува за оштетена и најави барањеза отштета.

Сведокот оштетен Горан Михајловски, рече дека во тој период работел како главен уредник на весникот Вест.

– Моите сомнежи се потврдија 2013 година, бидејќи се случувало за нешто што разговарам по телефон со извори за вест да добијам повик од менаџмент на весникот тоа да не се објави. Инаку добив информации дека мојот телефон е прислушкуван на прес на СДСМ во 2015 година, изјави Михајловски.

Рече дека се чувствува оштетен, бидејќи самото прислупување буди чувство на несигурност и за себе и за неговите извори како новинар. Тој најави отштета од еден милион денари.

Новинарот Борјан Јовановски, кој рече дека за неговото прислушување дознал на прес конференција на СДСМ истакна дека се чувствува оштетен и најави отштетно побарување.

Сашо Ордановски, рече дека од 2008 до 2015 година работел како новинар и дописник,а кога му бил даден матеруајлот со транскрипти му било кажано дека еден од пет најприслувани во државата, а бил и цел на следење.

– Не само што се чувствувам оштетен, туку имам и реална материјална штета. Ноќта меѓу 3 и 4 мај 2015 година беше дигнато во воздух мое возило во Бардовци. Потоа ја напуштив државата, бидејќи бев предупреден дека се спремаат и други работи против мене. Конечно низа други штети, бидејќи јас бев цел на пропагандата на тогашниот режим, изјави Ордановски.

Сашка Цветковска, рече дека од 2008 до 2015 работела во А1, Фокус и Нова, а за прислушувањето дознала на пресконференција на СДСМ кога и била поделена папка со транскрипти од нејзини лични разговори.

– Работата што ја правев вклучуваше следење на имотот на политички експонирани лица. Едно од тие лица беше и Сашо Мијалков. Објавивме неколку истражувања. Ние во тоа време бевме напаѓани дека сме предавници на државата. Нема да зборувам за притисоците понатаму, а за тоа ќе доставам докази, изјави Цветковска

Рече дека се чувствува оштетен и најави отштета.

– Штетата се заснова на професипнален план. Работев девет години за да создадам редакција што ќе работи на истажувања. За мојата штета нема да зборувам, за тоа јас сама се заложив и не барам отштета, изјави Цветковска.

Адвоктатот на Гордана Јанкуловска, Љупчо Шврговски, на почетокот до судот поднесе образложение и побара на листата на оштетени да биде додадена и Јанкуловска, бидејќи таа е обвинета во предметот Тврдина.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ