• Latest
Сеад Кочан пред Судот

Ново рочиште за „Труст“

November 30, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ново рочиште за „Труст“

November 30, 2017 09:32
in ПОЛИТИКА
Сеад Кочан пред Судот

Сеад Кочан пред Судот

Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеадт Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Обвинителството на минатото рочиште ја презентираше листата од над 1.500 докази.

СЈО се откажа од дел од доказите за кои треба превод, на што реагираа адвокатите на обвинетите несогласувајќи се со тоа, бидејќи имало документи што се важни за обвинетите.  Судијката го задолжи Обвинителството да обезбеди превод на документите што се на странски јазик, меѓу кои има и фактури на турски, холандски и босански јазик, потсетувајќи дека службен јазик е македонскиот јазик со неговото кирилско писмо.

Одбраната побара како доказ да не се изведуваат 155 документи, како и да се изземат и аудиоматеријалите што се однесуваат на два телефонски разговори – еден меѓу Кирил Божиновски и Влатко Чинговски, а вториот меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски.

Од СЈО посочија дека тоа се важни докази за нив и дека јавноста треба да знае што се случило. Судот не го прифати предлогот на одбраната, но и не дозволи да биде изведен доказ со диск со обработени банкарски сметки.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Труст“Кривичен СудрочиштеСеад Кочан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result