• Latest

Ново законско решение на МТСП за справување со насилството врз жените и семејно насилство

December 12, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Ново законско решение на МТСП за справување со насилството врз жените и семејно насилство

December 12, 2020 08:48
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството врз жените, вклучувајќи го насилството во семејството, претставува кршење на човековите права на жртвите и пречка за остварување на нивните фундаментални слободи и права, но и проблем со кој се соочува не само земјава, туку и останатите земји во светот, а кој бара систематизиран пристап за превенција и заштита. Меѓу другото, неоходно е разбивање на стереотипите за улогата на жената, јакнење на свеста за нејзините права, ажурно постапување на сите институции во насока на заштита, но и поддршка полесно да се справи со ситуацијата и економски да зајакне за да не се врати во семејството каде трпи насилство.

Прашањето на спречување и заштита од насилство врз жената веќе петнаесеетина години е законски регулирано, но и покрај тоа што се направени поместувања напред, се уште се бележи непостапување на надлежните институции, недоволно прифатилишта за жени жртви на наилство, немање програми за економско јакнење на жената… Економската немоќ, покрај срамот да се пријави насилството, во најголем дел е она што ја принудува жената да молчи или по пријавувањето на насилството повторно да се врати во заедицата каде го трпи. Во земјава нема точни податоци за бројот на случаи на насилство, но и оние што ги има, велат надлежните, се само дел од случаите што жртвите се одважиле и ги пријавиле.

За подобро справување со проблемот МТСП изготви ново законско решение за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кое е во собраниска процедура и во кое треба да бидат вградени сите препораки од Истанбулската конвенција. Експертите и невладиниот сектор предупредуваат дека не е доволно овој закон само да биде донесен, туку доследно да се применува да не остане само на хартија. Кампањите за подигнување на јавната свест, како последната „16 дена активизам против родово базирано насилство“ што заврши на 10 декември, можат да помогнат за подобрување на состојбите на ова поле, само доколку се проследени со соодветни напори на ниво на заштита на жртвите после пријавување на насилството, спроведување на ефективна истрага и казнување на насилниците, зголемување на соработката и координацијата помеѓу институциите.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека со овој закон ќе се овозможи почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори, спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите. Предлог-законот предвидува и обврски интегриран пристап за собирање на податоци за сите видови насилство, со цел да можат да се обработат и врз основа на нив да се преземаат следните чекори.

„Одредбите на законот јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата има намера преку сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство“, велат од МТСП.

Предлог-законот ги регулира превентивните мерки што секоја институција има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, но исто така со предлог- законот се предвидува брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита. Така, судот има обврска, веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот“ и „забрана за приближување до домот“.

Се предвидува и програма за реинтеграција на жртвите на насилство, која вклучува модели за привремено домување, психичко советување со менторство, различни видови на финансиска помош специфично наменети за жени жртви на насилство, можности за образование за жените и нивните деца и обуки во различни области, како и мерки за вработување утврдени со закон. Економската зависност на жените е еден од главните елементи заради кои жртвите најчесто повторно се враќаат во семејството каде се одвива насилството.

Од Министерството се свесни дека голем дел од институциите затајуваат во постапувањето со игнорирање на потенцијални знаци за насилство, заради што се воведува принципот на должно внимание за нивно постапување и можност да бидат тужени доколку тоа не го направат. Довербата во институциите кај жртвите на насилство, сметаат од МТСП, мора да се врати.

И оваа година не изостанаа случаите на фемицид, односно убиствата на жена затоа што е жена. Со последниот случај на фемицидот во Гостивар се потврди дека најчестата причина поради која физичкото насилство резултира во убиство е несериозниот пристап на институциите кон родово базираното насилство. Несоодветното постапување по пријавите очекувано ја потхранува недовербата. Исто така, фемицидот сè уште не е препознаен во нашето законодавство како посебно кривично дело и покрај тоа што тоа претставува најтешка форма на насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво.

Земјава на 30 декември 2017 година ја ратификуваше Европската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбулска конвенција), која стапи на сила на 1 јули 2018 година. За таа цел усвоен е Акциски план за имплементација на ова Конвенција и објавен е на страната на МТСП, во кој се предвидени конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на Акцискиот план е воспоставувањето на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство. До крајот на 2019 година отворени се вкупно 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство во седум плански региони во земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ