На денешната седница на Државната изборна комисија новоибраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, ќе добие уверение дека е избран за претседател на државата.
Утре, на седница во Собранието на РСМ ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател, со што ќе започне неговиот петгодишен мандат.
На седницата во Собрание, којашто се очекува да започне напладне, Пендаровски ќе даде свечена изјава пред пратенците, членовите на Владата, верските лидери, АРМ, дипломатскиот кор и гости од странство.
На инаугурацијата на новиот претседател досега има потврда за присуство од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија.
Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.