ЦИВИЛ – Центар за слобода организира панел-дискусија „(НЕ)Слободни медиуми во Македонија“, која ќе се одржи во четврток, на 10 мај, во Клубот на новинари, во Скопје, со почеток од 13 часот.
Учесници на панел-дискусијата се Атанас Кировски, директор и главен уредник на Телма телевизија, Зоран Димитровски, одговорен уредник на неделникот „Фокус“ и Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ Медиа.
Панел дискусијата е дел од проектот на ЦИВИЛ – „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.