• Latest

„Њујорк тајмс“: Балканот не е подготвен за голем земјотрес

January 2, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Њујорк тајмс“: Балканот не е подготвен за голем земјотрес

January 2, 2020 11:39
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Од Букурешт до Софија и на Балканот, голем број влади не успеаја да ги решат ризиците од згради што лесно може да се урнат при земјотрес. Тоа го наведува Њујорк тајмс во написот под наслов „Лекции од албанскиот земјотрес – Балканот не е подготвен за голем земјотрес“.

Весникот потсетува на земјотресот од 26 ноември во Албанија со јачина од 6,4 степени, кога загинаа повеќе од 50 луѓе и повредени беа стотици и остави илјадници бездомници.

Трагедијата испраќа јасно предупредување до регион кој беше погоден од многу посилни земјотреси во минатото, а експертите велат дека балканските земји не се подготвени за следниот голем земјотрес. Според нив, властите во регионот го охрабрија градежниот бум од 90-тите години преку преминот од комунизмот во капитализмот, при што безбедносните стандарди честопати се менуваат од потрагата по брз профит. Како резултат, милиони луѓе живеат во домови кои е малку веројатно дека ќе издржат голем земјотрес, нагласува весникот.

Во написот е цитиран Метју Сумбасаку, основач на Re:Rise – првата романска невладина организација специјализирана за намалување на сеизмички ризик – кој вели дека има 349 структури со висок ризик само во Букурешт кои веројатно ќе се урнат во силен земјотрес.

Повеќето од нив се во станбени комплекси. Стотици други згради би претрпеле голема штета.

Њујорк тајмс потсетува на двата катастрофални земјотреси од 20 век во планината Вранчеа, источна Романија – во 1940 година со јачина од 7,4 степени и на 4 март 1977 година со јачина од 7,2 степени. Вториот земјотрес уништи повеќе од 30 високи згради во Букурешт, при што загинаа околу 1.580 луѓе, а скоро 11.000 беа повредени.

Текстот на статијата потсетува на земјотресот во бугарскиот град Стражица во 1986 година со јачина од 5,7 степени, што предизвика сериозно уништување и остави илјадници бездомници.

Експерт од софискиот Универзитет за архитектура, градежништво и геодезија (УАЦЕГ) е цитиран дека Бугарија е можеби подобро подготвена од некои соседи, но загриженост предизвикуваат новоизградените згради.

Според него, приземните подови на некои од новите згради се претворени во продавници и на покривите е додаден дополнителен кат, што претставува ризик при земјотрес.

Во телефонско интервју за весникот, Питер Павлов, директор на Националниот центар за сеизмичко инженерство при УСЕЦГ, повика да се постави национална сеизмичка лабораторија во Бугарија со задача да ја провери еластичноста на зградите во земјотреси.

Написот на Њујорк тајмс ја нагласува историјата на земјотресите на јадранскиот брег од Хрватска преку Црна Гора до Албанија и во денешна Северна Македонија. Се наведуваат и мислењата на специјалистите во сеизмичката активност на областа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ