• Latest

Нурединоска: Во Македонија нема отпор на корупција!

February 4, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нурединоска: Во Македонија нема отпор на корупција!

February 4, 2019 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Македонија речиси нема отпор на корупција, а тоа значи доколку некој побара – граѓаните даваат поткуп, односно не ја пријавуваат корупцијата. Над 90 проценти коишто учествуваа во коруптивни активности, односно на тие кои им бил побаран поткуп не пријавуваат“, вели Емина Нурединоска од МЦМС, во разговор за ЦИВИЛ Медиа за „Перспективи 2019“.

Таа додава дека треба да се посвети внимание и да се работи со најмладите, бидејќи разочарувачки е тоа што младите од 18 до 29 години се најтолерантни кон корупцијата, односно за 12% се потолерантни од останатите возрасни групи.

„Според извештајот што го објавиме во март минатата година, граѓаните сметаат дека најмногу корупција и притисок има во институциите. Затоа треба Владата која објави ’бомби’ за коруптивното владеење на претходната власт малку повеќе да посвети внимание за борбата против корупција“, додава Нурединоска.

Таа потенцира дека во изминатата година, Државната комисија за спречување на корупција наместо да спречи и превенира коруптивни дејствија, ние бевме сведоци дека и самата Комисија смени петмина членови заради неправилности, и цела година Комисијата беше нефункционална.

„Сметам дека требаше веднаш да се формира нова Комисија со нови членови и да не се чека измена на Законот за спречување на корупција. Со доаѓањето на министерката за правда, Рената Десковска, отпочна со нов процес на подготовка на нов закон за спречување на корупција, всушност настана спој на двата закона за спречување на корупција и судир на интереси, пришто фокус беше ставен во избор на нови членови на ДКСК“, додава таа.

Нурадиноска истакна дека со новиот закон се зголемени надлежностите на ДКСК, односно сега ќе имаат можност да ја следат работата и финансирањето на политичките партии, ќе имаат директен увид во сметките на политичките партии, и ќе имаат пристап до над 60 регистри со што ќе им се олесни работата на комисионерите.

Таа додава дека интересно е тоа што се пријавиле над 80 кандидати за седум членови на ДКСК, што дава надеж дека ќе се изберат најдобрите кандидати, и се очекува политичкото, односно партиското влијание да биде најмаку застапено.

Ангела Петровска
Обработка на текст, фотографија и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ